Алфред Кирва Јего

кениска атлетичарка

Алфред Кирва Јего (роден на 28 ноември 1986 во Елдорет) е кениски атлетичар на средни патеки кој е специјализиран за трките на 800 метри. На Светското првенство 2007 во Осака, тој го освоил златниот медал на трката на 800 метри.

Алфред Кирва Јего
Лични податоци
НационалностКенија Кенија
Роден(а)28 ноември 1986(1986-11-28)(38 г.)
Елдорет, Кенија
Висина&100000000000001750000001,75 м[1]
Тежина56 kg (123 lb)
Спорт
СпортАтлетика
Дисциплини800 м

Негов тренер е Клаудио Берардели, кој исто така ги тренирал олимписките медалисти Џанет Џепкосгеи и Ненси Лагат.[2] Јего настапил на трката на 800 метри на Летните олимписки игри 2008, во Пекинг и успеал да го освои бронзениот медал. Тој го освоил сребрениот медал на Светското првенство 2009 на трката на 800 метри. Неколку недели подоцна, тој го подобрил сопствениот најдобар резултат на 800 метри на 1:42.67 во Ријети, завршувајќи втор позади Дејвид Рудиша, кој истрчал нов африкански рекорд.[3]

Негова прва братучетка е Јунис Џепкоеч Сум, која на Светското првенство 2013 во Москва го освоила златниот медал на 800 метри.[4]

Лични рекорди

уреди
Дисциплина Резултат Место Датум
800 метри 1:42.67 Ријети, Италија 6 септември 2009
1000 метри 2:17.60 Јуџин, САД 3 јули 2010
1500 метри 3:33.68 Доха, Катар 8 мај 2009
Една милја 3:55.18 Јуџин, САД 4 јуни 2011
Полумаратон 1h 02.50 Монбелијар, Франција 28 септември 2014

Наводи

уреди
  1. Sports-Reference profile
  2. IAAF, August 8, 2009: Ready when it counts most – Yego Архивирано на 10 август 2009 г.
  3. Sampaolo, Diego (2009-09-06). Rudisha 1:42.01 African 800m record in Rieti – IAAF World Athletics Tour. IAAF. Посетено на 2009-09-07.
  4. Sum rolls to Daegu under Jepkosgei's wing. Capital FM. 2011-08-03. (Посетено на 2014-08-25).

Надворешни врски

уреди