Црква „Св. Пантелејмон“ - Света

црква во Света, Демирхисарско

Св. Пантелејмонцрква во демирхисарското село Света. Му припаѓа на Крушевско-демирхисарското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.

Свети Пантелејмон

Фреска со Кирил и Методиј

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Крушевско-демирхисарско
Парохија Бучинска
Местоположба

Карта

Координати 41°16′13.0″N 21°16′12.6″E / 41.270278° СГШ; 21.270167° ИГД / 41.270278; 21.270167
Место Света
Општина Демир Хисар
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Пантелејмон
Изградба 1905 - 1910
Осветување 1911
Живопис 1913
Архитектонски опис
Архит. тип еднокорабен

Црквата е гробишен храм, сместен на самиот северен крај на селото. Изградбата започнала во 1905 и завршила во 1910 година. Осветена е во 1911 година. Претставува еднокорабна градба со полукружна апсида и трем на запад. Има полукружен свод, а на запад има таваница. Ѕидаријата е од кршен камен, а аглите, отворите и венецот се од делкан камен. На запад над женската црква подоцна е изградена шестострана камбанарија, покриена со лим. Фасадите се фугирани, а апсидата е малтерисана. Храмот е живописан во 1913 година од истакнатиот мијачки мајстор Јаков Мажовски.[1]

Во 1924 година покривот е поправен, а одделни фрески се повторно зографисани.[2]

Слики

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Митревски, Никола (2011). „Претставите на сесловенските првоучители Св. Кирил и Св. Методиј во живописот од XIX век во Пелагонија, Мариово и Демирхисарско“ (PDF). Патримониум.мк. 4 (9): 299.
  2. Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби - Општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 68. ISBN 978-608-65616-4-2.

Надворешни врски

уреди