Саша Ќурчиќ
Саша Ќурчиќ (роден на 14 февруари 1972 година, во Белград) — српски фудбалски тренер и поранешен фудбалер, играч од средниот ред.
Саша Ќурчиќ | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 14 февруари 1972 | ||
Роден во | Белград, СФРЈ (денешна Србија) | ||
Држава |
Југославија СР Југославија (од 1992) | ||
Висина | м | 1,78||
Играчки податоци | |||
Позиција | среден ред | ||
Повлекување | 2001 (29 г.) | ||
Младинска кариера | |||
Трудбеник | |||
ОФК Белград | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
1991-1993 | ОФК Белград | 59 | (5) |
1993-1995 | Партизан | 74 | (14) |
1995-1996 | Болтон | 28 | (4) |
1996-1998 | Астон Вила | 29 | (0) |
1998-1999 | Кристал Палас | 23 | (5) |
1999 | Њујорк Метростарс | 9 | (2) |
2000 | Мадервел | 5 | (0) |
2001 | Обилиќ | 0 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
1991 | Југославија | 1 | (0) |
1995-1998 | СР Југославија | 13 | (1) |
* Ажурирано на: 23 април 2021 ** Ажурирано на: 23 април 2021 |
Кариерата ја започнал во својот роден град Белград, играјќи најпрво за ОФК Белград, а потоа и за Партизан, со кој освоил една титула во првенството и една во купот на тогашна СР Југославија. Потоа, тој се преселил во англиската Премиер лига, каде играл за Болтон Вондерерс, Астон Вила и Кристал Палас, а во последните години од кариерата играл за Њујорк Метростарс во МЛС, за Мадервел во Шкотска и за Обилиќ по враќањето во Југославија, каде ја завршил кариерата во 2001 година. За репрезентацијата на СР Југославија настапил 13 пати и постигнал еден гол.
Во 2007 година, тој учествувал и победил во ријалити шоуто „Големиот брат“.
Биографија
уредиСаша Ќурчиќ, во Србија познат под прекарот Џани, е роден во Белград и израснал во белградското предградие Бесни Фок. Уште многу рано почнал да се занимава со фудбал, а првите фудбалски чекори ги направил токму во својот роден крај, во екипата Пионир од Бесни Фок, пред да се пресели во Трудбеник од каде подоцна се приклучил во ОФК Белград за таму да ја започне својата професионална кариера.
За време на својата кариера, Ќурчиќ бил попознат како голем заводник и женкар отколку по својте партии на теренот. Додека играл во Англија, британските медиуми редовно пишувале за неговите врски со познати девојки како Наоми Кембел, Кармен Електра, Ева Херцигова итн., како и за журките на коишто присуствувал и неспортскиот живот кој го водел.[1][2][3][4]
По завршувањето на играчката кариера, тој учествувал во многу ријалити шоуа и тв емисии вклучувајќи ја и српската верзија на „Големиот брат“, каде победил во 2007 година.
Кариера
уредиКлупска
уредиПо доаѓањето во ОФК Белград, токму во овој клуб на возраст од 19 години Ќурчиќ го направил своето деби како професионалец во Втората југословенска лига за време на сезоната 1990-1991 под водството на тренерот Илија Петковиќ. Во следите две сезони тој се афирмирал како стандарден првотимец во клубот играјќи во Првата лига на Југославија и на СР Југославија.
Во сезоната 1993-1994, Ќурчиќ дошол во Партизан, во време во кое црно-белите ги напуштиле неколку важни играчи како Предраг Мијатовиќ, Вујадин Станојковиќ и Златко Заховиќ. Тоа била одлична шанса за Ќурчиќ, како играч од средниот ред терена, да се докаже во голем клуб, што му пошло од рака; тој одиграл 33 натпревари и постигнал 7 голови во првенството на СР Југославија, придонесувајќи многу за тоа Партизан да ја освои титулата како во првенството така и во купот.
Во септември 1995, Ќурчиќ ја напуштил Југославија, и се преселил во странство потпишувајќи за англискиот клуб Болтон Вондерерс. Своето деби во англиската Премиер лига го направил на 31 октомври 1995, во победата на домашен терен над Арсенал. Ќурчиќ брзо се прилагодил на стилот на игра во Англија и се покажал како одлично засилување и покрај тоа што воочи неговото доаѓање клубот бил во многу лоша резултатска серија. На крајот Болтон испаднал од Премиер лигата како последнопласиран на табелата и ниту одличната сезона на србинот во која тој постигнал 7 гола во 33 настапи во сите натпреварувања не го спречила тоа. Сепак, Ќучиќ заработил многу пофалби за своите игри во текот на сезоната, а една од нив дошла од менаџерот на Брадфорд Сити, Крис Камара, кој после поразот на неговиот тим од Болтон со 0-3 во третата рунда на ФА Купот во кој Ќурчиќ имал удел со два гола го нарекол играчот од средниот ред "Српскиот Џорџ Бест".
По испаѓањето на Болтон, Ќурчиќ се преселил во Астон Вила за 4 милиони фунти. Иако во клубот тој му се приклучил на својот сонародник и поранешен соиграч од Партизан, Саво Милошевиќ, Ќурчиќ не успеал да се снајде во Вила и во јануари 1998 изјвил дека трансферот од Болтон во Астон Вила е најголемата грешка која ја направил во својот живот. Во исто време, се повеќе место фудбалот го интересираат работи надвор од теренот па неговата кариера од тој момент доживува константан пад. После кавгата со тренерот на Вила, Брајан Литл, тој бил ставен на трансфер листа и во март 1998 бил продаден во Кристал Палас за 1 милион фунти.
Во Палас тој бил доведен со мисија да помогне клубот да опстане во Премиер лигата во сезоната 1997-1998, што не се случило и после една сезона играње во англиската Прва дивизија, Ќурчиќ се преселил во САД, каде играл за Метростарс во МЛС. Во март 2000, Ќурчиќ потпишал за шкотскиот Мадервел, каде одиграл само три натпревари. Во април 2001, на возраст од 29 години, Ќурчиќ објавил дека ја завршува својата фудбалска кариера.
Репрезентативна
уредиЗа репрезентацијата на Југославија Ќурчиќ забележал 14 настапи.
Своето репрезентативно деби го направил во октомври 1991 година, со репрезентацијата која сѐ уште била позната под името СФР Југославија во пријателски натпревар против Бразил, кога на возраст од само 19 години добил можност од селекторот Ивица Осим, заменувајќи го Синиша Михајловиќ во 46-тата минута. Тоа бил неговиот единствен настап за СФРЈ пред распадот на државата.
Од 1995 до 1998 година, Ќурчиќ настапувал за репрезентацијата на СР Југославија, забележувајќи 13 настапи и постигнал еден гол против Грција во пријателски натпревар.[2]
Хронологија на репрезентативните настапи
уредиСФРЈ
уредиХронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Југославија | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дата | Град | Домашни | Резултат | Гости | Натпреварување | Голови | Инфо | Детали |
30-10-1991 | Варгиња | Бразил | 3 – 1 | Југославија | Пријателска | - | 46' | |
Вкупно | Настапи | 1 | Голови | 0 |
СР Југославија
уредиХронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― СР Југославија | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дата | Град | Домашни | Резултат | Гости | Натпреварување | Голови | Инфо | Детали |
31-1-1995 | Хонгконг | Хонгконг | 1 – 3 | СР Југославија | Карлсберг куп | - | 88' | |
4-2-1995 | Хонгконг | Јужна Кореја | 0 – 1 | СР Југославија | Карлсберг куп | - | 88' | |
31-3-1995 | Белград | СР Југославија | 1 – 0 | Уругвај | Пријателска | - | 83' | |
31-5-1995 | Белград | СР Југославија | 1 – 2 | Русија | Пријателска | - | 42' | |
20-9-1995 | Солун | Грција | 0 – 2 | СР Југославија | Пријателска | 1 | 78' | |
27-3-1996 | Белград | СР Југославија | 1 – 0 | Романија | Пријателска | - | 75' | |
24-4-1996 | Белград | СР Југославија | 3 – 1 | Фарски Острови | Квал. за СП 1998 | - | 61' | |
23-5-1996 | Шимицу | СР Југославија | 0 – 0 | Мексико | Кирин Куп | - | ||
26-5-1996 | Токио | Јапонија | 1 – 0 | СР Југославија | Кирин Куп | - | 73' | |
10-11-1996 | Белград | СР Југославија | 1 – 0 | Чешка | Квал. за СП 1998 | - | 77' | |
7-2-1997 | Хонгконг | Русија | 1 – 1 | СР Југославија | Карлсберг куп | - | 71' | |
10-2-1997 | Хонгконг | Хонгконг | 1 – 3 | СР Југославија | Карлсберг куп | - | ||
23-9-1998 | Сао Луис | Бразил | 1 – 1 | СР Југославија | Пријателска | - | 75' | |
Вкупно | Настапи | 13 | Голови | 1 |
Титули
уредиПартизан
уреди- 1993-1994
- 1993-1994
Наводи
уреди- ↑ „Naomi Campbell and Carmen Electra, on Sasa Curcic's love list“ (англиски). newsy-today.com. 18 октомври 2020. Архивирано од изворникот на 2022-01-12. Посетено на 13 јануари 2021.
- ↑ 2,0 2,1 „Ćurčić Saša - reprezentacija.rs“ (српски). reprezentacija.rs. 2 декември 2019. Посетено на 13 јануари 2021.
- ↑ „Ispovest Saše Ćurčića: Naomi Kembel je vrh u krevetu, ali s Karmen Elektrom sam imao najluđi seks“ (српски). telegraf.rs. 14 октомври 2020. Посетено на 13 јануари 2021.
- ↑ „L'ex giocatore di Premier: "Ho dormito con Campbell e Herzigova, ma Carmen Electra…"“ (италијански). chiamarsibomber. 15 октомври 2020. Посетено на 13 јануари 2021.