Прва фудбалска лига на СР Југославија
Прва фудбалска лига на СР Југославија била највисоката фудбалска лига во СР Југославија, и била организирана од страна на Фудбалскиот сојуз на Југославија.
Земја | СР Југославија |
---|---|
Конфедерација | УЕФА |
Основана | 1992 |
Згасната | 2003 |
Заменета од | Прва лига на Србија и Црна Гора |
Број на клубови | од 10 до 21 |
Нивоа на пирамида | 1 |
Испаѓање во | Втора лига на СР Југославија |
Домашен куп | Куп на СР Југославија |
Најмногу титули | Партизан (7) |
Оваа фудбалска лига се играла од распадот на СФРЈ во 1991 до 2003 година, кога СР Југославија го променила името во Србија и Црна Гора. Првото првенство било одиграно во сезоната 1992-1993, а победник била екипата на Партизан. Вкупно биле одиграни 11 изданија на Првата фудбалска лига на СР Југославија, во кои најуспешен клуб бил Партизан освојуваќи 7 шампионски титули, Црвена Ѕвезда била шампион 3 пати и Обилиќ еднаш.
Шампиони по сезони
уредиУспешност на клубовите
уредиКлуб | Титули | Сезони |
---|---|---|
Партизан | 1992-1993, 1993-1994, 1995-1996, 1996-1997, 1998-1999, 2001-2002, 2002-2003. | |
Црвена ѕвезда | 1994-1995, 1999-2000, 2000-2001. | |
Обилиќ | 1997-1998. |
Најдобри стрелци
уредиСезона | Голгетер | Голова |
---|---|---|
1992-1993 | Анто Дробњак (Црвена ѕвезда) Веско Михајловиќ (Војводина) |
|
1993-1994 | Саво Милошевиќ (Партизан) | |
1994-1995 | Саво Милошевиќ (Партизан) | |
1995-1996 | Војислав Будимировиќ (Чукарички) | |
1996-1997 | Зоран Јовичиќ (Црвена ѕвезда) | |
1997-1998 | Саша Марковиќ (Црвена ѕвезда) | |
1998-1999 | Дејан Османовиќ (Хајдук Кула) | |
1999-2000 | Матеја Кежман (Партизан) | |
2000-2001 | Петар Дивиќ (ОФК Белград) | |
2001-2002 | Зоран Ѓурашковиќ (Младост Лучани) | |
2002-2003 | Звонимир Вукиќ (Партизан)[2] |
Наводи
уреди- ↑ Сезоната била прекината на 12 мај поради агресијата на НАТО врз Југославија, на десет кола пред крајот; Партизан бил прогласен за шампион на 13 јуни 1999.
- ↑ Сезона 2002/03., Пристапено 8. 8. 2009.