Наоми Кемпбел
Наоми Кембел (родена 22 мај 1970 година) е британски модел. Забележана е и пронајдена за време на шопинг во Лондон. Таа ја започна нејзината кариера во 1980 година и веднаш се појави на модните писти во Милано и Париз како и на насловните страници на многу меѓународни модни списанија. Таа е позната и парфемите кои го носат нејзиното име како и по многубројните правни проблеми.
Наоми Кембел | |
---|---|
Наоми Кембел на модната ревија во Сан Франциско 15 Март 2007 година | |
Народност | Biracial (Black & Chinese) |
Висина | м[1] | 1,75
Мреж. место | http://www.naomicampbell.com |
Детство
уредиКембел е родена во Стритхем, Лондон, Англија. Нејзината мајка, Валери Кембел(моминско име Морис), e поранешна балерина од јамајско потекло. Во согласност со желбите на нејзината мајка , Кембел никогаш не го сретнала својот татко, кој ја оставил нејзината мајка Валери кога таа имала 18 години само два месеца пред да ја роди Наоми Кембел. Неговото име не било напишано на нејзиниот матичен лист па ни таа ни нејзината мајка никогаш не го открија неговиот идентитет. Како и да е, некои извори изјавија дека тој имал кинеско-јамајско потекло, со презиме Минг. Кога била дете била оставена на грижа на дадилката додека нејзината мајка патувала околу Европа со танчерската група “Фантастика”. На 10 години била примена во Италијанската Академија “Конти” каде што учела балет. Таа сакала да се запише во училиштето “Дунравен” каде се изучувале многу предмети од многу области, и било под надлежност на Лондонската власт за образование во градот Стритхем.
Кариера
уредиМанекенство
уредиНејзината многу успешна манекенска кариера , нетипично за црна манекенка, ја направи една од најпознатите и најбарани манекенки во тоа време. За време на незјината таканаречена “манекенска ера” во раните деведесетти години, таа беше дел од “големата шесторка” заедно со ]]Синди Крафорд]], Клаудија Шифер ,Кристи Турлингтон”, Линда Евангелиста и Кејт Мос и дел од “Тројката” заедно со Турлингтон и Евангелиста. Кембел се појави на повеќе од 100 насловни страни и уживаше чекорејќи на многу модни писти. На една епизода од нејзиното реално шоу “Новиот топ модел на Америка”, нејзината пријателка и поранешна конкуренција Тајра Бенкс повторно изјави дека телото на Наоми Кембел е едно од најдобрите и најплатени во овој бизнис. Нејзиното прво јавно појавување беше во февруари 1978 година на седум годишна возраст, кога таа се појави на кастинг за улога во музички спот за Боб Марли ,во песната"Is this Love".. Во 1982 година, таа се појави во друг музички спот, овој пат како степ танчерка во Culture's Club "I’ll Tumble 4 Ya”.
На 15 години додека сè уште била студентка на италијанската академија , Кембел била забележана од Бет Болт, претходен модел на Форд и главен директор на модната агенција “Синхро”, додека Кембел стоела пред еден излог од некоја продавница. Наскоро Кембел се одлучила да стане постојан модел потпишувајќи договор со модната агенција “Елит”. Таа ја започна својата кариера како манекенка чекорејќи на модните писти и набрзо потоа беше ангажирана од многу познати рекламни кампањи, како на пример Lee Jeans и Olympus Corporation, коишто ја претставија на американскиот пазар. Кембел исто така работеше и за кампањите на Ралф Лорен и Франсоа Нарс. На 15 април 1986 година , таа се појави на насловната страна на познатото списание “Ел”, која го замени моделот Вероника Веб која ја откажа нејзината фотосесија . Во август 1988, таа се појави на насловната страна на списанието Вог Париз, како прв црн модел кој воопшто се појавил во тоа списание,откако нејзин пријател и ментор Ивес Сент Лорен им се заканил дека ќе ги повлече сите објавени модни реклами откако тие одбиле да ја стават Наоми или било кој друг црн модел на нивната насловна страница. По појавувањето во спианието Вог Париз, Кембел стана и втората црна манекенка ,после Дониеле Луна, која се појави на насловната страна на британскиот Вог (заменувајќи ја тогашната црна манекенка Вероника Веб која одбила да соработува со тоа спиание), со Вог Нипон Тајм а подоцна и со Вог Кина. Наоми позираше гола за списанието Плејбој а се појави и во книгата на Мадона “секс” во 1992 година ,на фотографии заедно соМадона и со раперот Биг Деди Кејн. Наоми се појави и во над повеќе од 500 насловни страници како на италијанскиот Вог, јапонскиот Вог , списанието Ел, списанието I-D, списанието LOVE, Гламур, Харперс Базар, Интервју, В списанието,Венити Фер и GQ. Таа се појави и во музичкиот спот на Џорџ Мајкл "Freedom! 90", заедно со Линда Евангелиста, Кристи Турлингтон, Синди Крафорд и Татјана Патиц. Во 1992 година , Кембел се појави и во спотот на Мадона за песната “Еротика”, во кое се појавија истите слики што ги имаше и во книгата на Мадона “Секс”. Покрај појавувањето во овие спотови таа се појави и во спотовите на Мајкл Џексон, Нели, Џаџд Еџ, Џеј Зи, Пи Диди, Ноториус БИГ, Мејси греј, Принц и Ашер. Во 2008 година , таа изјави дека терминот “супер модел” за неа значи дека секој треба да си го заслужи своето место во светот на модата, и дека не може секој да се нарекува “супер модел”, освен Жизел Бундхен.
Во 2009 година, Кембел привлече огромно внимание откако прозборе за “расистичката” модна индустрија. Во едно интервју за списанието “Гламур”, Кембел изјави дека иако американскиот претседател е црнец, сепак таа како црна жена е исклучок во тој бизнис. “Секогаш морав да работам многу напорно за да бидам еднаква со другите”. Кембел често изјавува дека манекенката Иман е една од нејзините главни инспирации. Во 2010 година таа потпиша да биде гостинка во шестте сезони на “Новиот топ модел на Британија” , но откажа само шест недели пред да се снима затоа што имаше правни проблеми. Таа има потпишано договор со to IMG Моделс (Њујорк), Сторм Модел Менаџмент (Лондон), Агенцијата Мерлин (Париз), and Д’менаџмент груп (Милано).
Други проекти
уредиМузика
уредиВо 1991 година, таа беше избрана за песната на Ванила Ајс "Cool as Ice". Три години подоцна , таа запеа строфа во песната "Heaven's Girl" од албумот на Квински Џонс, Q's Jook Joint. Во 1992 година, таа се појави за кратко во спотот на Мадона за песната “Еротика”, од албумот со истото име. Во 1995 година, Кембел го издаде албумот “Baby woman”, и ја отпеа песната "Love and Tears" која не беше добро прифатена од другите. Иако песната беше критикувана и се најде над 75 то место на британскта топ листа, во Јапонија таа беше добро прифатена и се продаде во повеќе од еден милион копии насекаде во светот. Соработката на Кембел со Тошинобу Кубота , "La La La Love Song", втората песна од албумот “Baby woman” заедно со тимската песна со Long vacation, стана хит број еден во Јапонија, и се продаде во 1,856,000 копии. Во дел од песната на Бијонсе Ноулс од нејзиниот втор албум B’day, таа постојано вели “Чекори како Наоми Кембел”, а во спотот за таа песна играат танчери кои чекорат по модната писта и и намигнуваат на Наоми Кембел.
Книги
уредиКнигата на Наоми Кембел “Лебед” , приказна за неа во која се зборува како таа била уценувана за неко нејзини црни тајни од минатото. Книгата всушност била напишана од пистелката Каролин Упшер, за кое Кембел подоцна изјави дека таа немала време да седне да ја напише книгата па затоа ангажирала друг.Во 1996 година, Кембел објави колекција од слики наречена “Наоми”, чии фотографии беа сликани од Ричард Аведон и од други познати фотографи.
Мода
уредиВо 1999 година, Кембел создаде своја компанија наречена the Design House of Naomi Campbell. Досега, Нами промовира осум нејзини женски парфеми, кои повеќето беа пуштени во продажба во Европа. Во 2000 година, Кембел го претстави нејзиниот прв парфем , “ Naomi Campbell” и “Naomagic” . Во 2001 година , Кембел го претстави својот трет парфем “Cat Deluxe”, и во 2003 година таа го претстави парфемот ”Mystery”. Една година подоцна, таа го претстави својот петти парфем а во 2005 година и шестиот, наречен ” Paradise Passion”. Последниот нејзин парфем се вика “Cat Deluxe at Night” и е нова верзија од нејзиниот постар парфем “Cat Deluxe”. Неа ја имаат фотографирано многу познати фотографи како: Дејвид Бејли, Патрик ДеМархелиер, Стивен Мајсел, Ричард Аведон, Херб Ритс, Елен Вон Унверт, Марио Соренти, Хелмут Њутон, Себ Жанијак, Стивен Клајн, Питер Линдберг, Мерт и Маркус и Ник Најт. Таа беше во центарот на вниманието за време на кампањите за Версаче, Ралф Лорен, и Долче и Кабана. Нејзини ментори беа Азедин Алаја, Карл Лагерфилд, Жан Пол Голтиер, Џон Галијано, Вивијан Вествод, Марк Џејкобс, Ивес Сент Лорен, Џани Версаче и Александар Меквин. Таа беше и уредник за списанија како на пример за GQ, каде што го интервјуираше Луис Хамилтон, Хуго Чавес, и Кристина Кирхнер. Во 2010 година како гостин- уредник за априлското издание на руското списание Вог во кое претстави серија од нејзини фотографии направени од Стивен Мајсел, Солв Сундсбо и Марио Тестино.
Филм
уредиКембел се појавуваше во филмови уште во нејзиното детство дебитирајќи во Детската филмска сериска фондација “The Chiffy Kids” во 1976 година, играјќи како Снежана. Таа се појави во филмовите Girl 6(1996), Prisoner of love (1999), и Fat slags(2004). Таа имаше кратка улога во филмовите Pret a Porter (1994) i Ali G Indahouse(2001 година).
Добротворни прилози и награди
уредиОд 1997 година, Кембел беше дел од хуманитарната работа посебно ангажирана за луѓето од Потсахарска Африка. Таа работеше и со Нелсон Мендела и изјави дека една од нејзините најголеми привилегии е тоа што се знае со него, изјавувајќи дека неговата добрина, страст и интелигенција го направија модерен светски водач. Во 2005 година таа помогна во организирањето и учеството во Fashion for Relief-мода за помош, собирајќи повеќе од еден милион долари за жртвите од ураганот Катрина. На 7 јули 2007 година таа гостуваше на South African leg од Live Earth во Јоханесбург. Во 2009 година беше наградена за Добротворно Покровителство на Универзитетското филозофско друштво, колеџот Тринити во Даблин, за нејзината добротворна и професионална работа. Таа организираше и модно шоу со 140 познати модни творци, наречено “ мода за помош на Хаитите “ во Њујорк на 12 февруари 2010 година . Во јули 2010 година , таа беше избрана од меѓународниот комитет УНЕСКО за да ја прими наградата “Pyramide Con Mani” за нејзините извонредни социјални обврски. Наградата била доделена за време на интернационалната хуманитарна приредба за децата со посебни потреби , која се одржа во Диселдорф на 30 октомври 2010 година.
И беа доделени и други награди како на пример “Fashionista”, во октомври, за нејзината 25 годишна модна кариера, и наградата за нејзината работа како покровител на ‘The White Ribbon Alliance’.Истата година таа прими и други награди, а беше именувана како победник на руското списание Гламур 2009 година “Woman Of The Year Award”, во меѓународната категорија за жена на годината, и наградата за “Модна икона” на хуманитарниот настан за фондот на колеџот Тургод Маршал, во Њујорк. Во февруари 2010 година ја прими наградата од британското списание “Elle Style” за “Исклучителен придонес”, која ја дополни наградата за “најдобра манекенка” доделена добиена во 2007 година, од истото списание. Во октомври 2007 година, здружението БРАГ “The Black Retail Action Group Inc” и ја додели наградата за “Посебно признание”, како знак за благодарност за нејзиното прифаќање и соработка со сите “обоени” мажи и жени во сите области од модната индустрија. Во 2005 година и беше доделена наградата за ”Marie Claire Prix De La Moda” за “Најдобра манекенка”, а само една година подоцна, во 2006 година, таа ја доби наградата за “Голем придонес” од “Glamour Magazine Women of the Year Awards.
Нејзината добротворна работа вклучува и проекти со детскиот фонд на Нелсон Мендела, за Борба против ракот на дојка, Quincy Jones' Listen Up Foundation, сиропиталиштето на УНЕСКО во Јамајка, Кубанскиот детски фонд на Фидел Кастро.Таа е и кума на италијанското здружениеАлфа Онлус кое ги поддржува младите луѓе со посебни потреби и инвалидитет. Таа беше именувана како меѓународна амбасадорка на Рио де Жанеиро од градоначалникот Цезар Маја. На состанокот во 2006 година тие се договорија да работат на разни проекти за нејзината хумана работа “Ние го сакаме Бразил “ која беше основана за децата од Бразил. Во 2008 година таа дизајнираше модна колекција од облека за бразилската компанија Даслу: колекција Наоми 284, поддржувајќи образовни програми за децата од Јужна Америка.
Приватен живот
уредиИ покрај тоа што никогаш не го запознала нејзиниот биолошки татко, Наоми изјавила дека таа ги прифатила Квинси Џонс и Крис Блеквел како нејзини татковци а Нелсон Мендела како нејзин дедо. Кембел не се омажи. Во летото 2008 година голем број на јавни медиуми објавија дека таа ќе се мажи со рускиот билионер Владислав Доронин и притоа дека ќе ја прифати и неговата вера .Таа само еднаш беше верена, и тоа за многу кратко време, со Адам Клајтон, басистот на групата U2. Наоми е верен поддржувач на Labour party.
Правни проблеми
уреди- 2000
Во 2000 година, Кембел во судот во Торонто, изјави дека е виновна за напад на нејзината лична асистентка Џорџина Галанис. Кембел наводно ја навредила Џорџина Галанис преку телефон, велејќи и дека ќе ја исфрли надвор од хотелската соба како летачко Пежо. Нејзиното досие беше избришано во договор со јавниот обвинител, а во замена за тоа таа требаше да изрази каење за тоа што го направила. Кембел исто така и плати на Џорџина, сума која не беше откриена во јавноста а исто така се согласи да посетува часови кои ќе и помогнат да се справи со бесот .
- 2004
Во март 2004 година, судот на јавните обвинители ја одби одлуката на Апелациониот суд и и додели на Кембел оштета од 3.500 илјади фунти, со почит кон претходната пресуда за тоа дека нејзината приватност била нарушена од Daily Mirror чии фотографи ја следеле и ја сликале како таа ја напуштала клиниката за “Анонимни зависници”.
- 2005
Во март 2005 година таа наводно ја ударила својата тогашна асистентка Аманда Блек и ја ударила по главата со својот мобилен телефон Блек Бери. Нејзиниот портпарол Роб Шутер ја негирал оваа случка. Во јули 2006 година, нејзината асистентка започна законска постапка против Кембел, тврдејќи дека Наоми ја малтретирала и психички и физички. Брек ја обвини Кембел за напад, за телесна повреда и нанесување на психички стрес во караници кои започнале после еден месец од нејзиното работење како нејзина асистентка во февруари 2005 година. Наоми и плати сума од пари која не се дозна во јавноста. Италијанската глумица Ивон Сијо изјави дека била претепана од Наоми Кембел во караница во еден римски хотел, наводно затоа што Сијо носела ист фустан како тој на Наоми. Сијо се пожалила:” Таа ме удри по лицето како Мајк Тајсон”.
- 2006
На 30 март 2006 година во Њујорк , Кембел беше уапсена за напад на нејзината куќна помошничка, ударајќи ја по главата со својот дијамантски метален мобилен телефон, поради што таа се здоби со повреда и неколку конци на главата. Наоми беше обвинета за напад од втор степен ,кривично дело кое носи казна од минимум една година затвор а максимум пет години . На 28 септември 2006 година , Кембел не се појавила на закажаниот термин во судот па затоа судијата донел одлука дека ако таа повторно не се појави на другото закажано сослушување наредната недела, ќе се направи налог за нејзино апсење. На 25 октомври 2006 година во Лондон , Кембел беше уапсена за сомневање за напад, а потоа беше ослободена со кауција. На 14 ноември 2006 година, друга поранешна асистентка на Кембел, Габи Гибсон, започна нов судски процес со кој бараше од Наоми неодредена сума на пари, за оштета, со обвинение дека Наоми била многу агресивна личност. На 15 ноември 2006 година, Кембел се појави во кривичниот суд во Њујорк за судење за нејзините напади во март 2006 година. Нејзиниот адвокат и јавниот обвинител му соопштиле на судијата дека тие сè уште бараат соодветно заедничко решение за случајот. Адвокатската фирма Саливар и Вустер со седиште во Бостон, кои беа назначени како главни за да ја бранат за нејзиното непојавување и отсуство во судниците, во 2006 година ја прекинаа соработката со неа , изјавувајќи и на јавноста дека Кембел претставува опасност за неа и за секој околу неа.
- 2007
На 16 јануари 2007 година, Кембел покрена обвинение во кое се изјасни за виновна поради напад на нејзината куќна помошничка Ана Солавино. Таа беше казнета со пет дена работа во комуналното претпријатие и мораше да помине два дена на курсот за управување со бесот. Освен тоа и беше наредено да и ги плати болничките трошоци за лекувањето на нејзината помошничка која имаше четири коци на главата од нападот на Наоми, со износ од 363 американски долари или 185 фунти. Според една изјава на СНН, таквото однесување на Кембел било затоа што таа како дете била напуштена од татко и. На 19 март 2007 година таа ја отслужуваше својата казна бришејќи го подот во Санитарната служба во Њујорк. На 20 август 2007 година, судијата од Врховниот Суд во Њујорк издаде одлука и наредба за неприфаќање на правните обиди на Наоми со кои сака ја одврати Габи Гибсон од објавување на нејзини детали во јавноста како оние кога таа изјавува дека Наоми е непоправлива личност осудена поради насилно однесување кон своите вработени. Судијата Сталман образложи дека “доколку се докажат извештаите од нејзините судења” тоа може да резултира со докажување дека е стварно безобразно и срамота да се оправдаат казнените оштети што ги побара нејзината претходна помошничка.
- 2008
На трети април 2008 година беше уапсена на аеродромот Heathrow's Terminal 5 под сомнение дека навредила и нападнала полициски службеник кој се наоѓал таму поради тоа што била изгубена една од нејзините торби. На Кембел веднаш и било забрането да лета со авионите на British Airwаys на глобално ниво. Таа беше обвинета по три точки за напаѓање на полицаец , а тоа носеше казна од максимум шест месеци во затвор и парична казна од 5.000 фунти, една точка за предизвикување вознемиреност поради малтретирање , причина за психичка вознемиреност, кое е казниво дело со сума од 2.500 фунти, и една точка за заканување , користење на навредливи зборови и лошо однесување кон авионскиот екипаж, за кое следи казна од 1 000 фунти. На 20 јуни 2008 година , таа изјави дека е виновна за четири од петте кривични дела за кои таа е обвинета. Главното јавно правобранителство ја поништи точката по која таа беше обвинета за напад на полицаец. Таа беше казнета со 200 работни часа во комуналната служба. Кембка изјави дека британската авионска компанија British Airways, ја нарекле “црнечка кукла” за време на инцидентот.
- 2010
На 2 март 2010 година, нејзиниот личен шофер кој ја возел нејзината лимузина дал изјава во полициската станица во Њујорк дека Наоми му удрила шлаканица и тупаници по што таа веднаш избегала од местото на настанот. Портпаролот на Наоми изјавил дека таа не треба веднаш да се осудува и дека таа би соработувала доброволно за случајот. Инспекторите решија прво да ја слушнат изјавата на шоферот, но подоцна полицијата реши да се откажи од случајот затоа што шоферот решил да не поднесува тужба против неа. Во 2010 година , Миа Фаро изјави дека Кембел и кажала дека и биле дадени големи крвави дијаманти од поранешниот либериски водач Чарлс Тејлор додека била гостинка на Нелсон Мендела во Јужна Африка во 1997 година. Кембел одби да сведочи за овој случај. Таа се разлути за време на едно интервју со ABC News по нејзиното одбивање да одговори на поставените нивни прашања во врска со случајот и ја удри камерата. На 1 јули 2010 година Наоми беше повикана на судот за воените злосторства и крвавите дијаманти на Чарлс Тејлор,одржано во Специјалниот суд во Сиера Леоне во Лајдшендам близу Хаг. На секој кој нема да се појави на ова судење ќе му се суди со казна затвор од седум години. И покрај првичното нејзино одбивање на присуствува на судењето и беше издаден судски налог и се појави на сведочењето како сведок за воените злосторства кои беа на 5 август 2010 година. Во нејзиното сведочење таа изјави дека нејзе и биле поклонети “прашинави камења” за време на вечерата која била организирана од Чарлс Тејлор кој подоцна и кажал дека тоа што и го подарил всушност биле дијаманти. Таа изјавила дека колку што таа памтела во тоа време 1997, кога ги примила тие камења, не постоеле “крвави дијаманти”, тврдејќи дека тој термин бил измилен многу подоцна дури после 1997 година ,откако некои од африканските земји кои произведувале дијаманти и некои индустриски соработници како World Diamond Council и индустриските водечки групи кои заедно со UN General Assembly во 2002 година го основаа The Kimberle Process Certification Scheme (KPCS) за да ја следи светската трговија во конфликтот за бесплатните дијаманти. Сега за сега не е откриена локацијата на дијамантите на Наоми Кембел. Таа изјавила дека ги дала документите на Џереми Ратклиф кој е дел од детската фондација на Нелсон Мендела , затоа што сакала да ги подари за хумани цели, а Ретклиф во еден телефонски разговор со неа и кажал дека тој всушност уште ги чува дијамантите. А оваа фондација во писмо упатено кон судот изјавила дека таа никогаш не примила дијамант или дијаманти од госпоѓица Кембел или од било кој друг. Тоа би било погрешно и незаконски од нивна страна. Меѓутоа, следниот ден , [[ББС изјавија дека Ретклиф ја изменил приказната и изјавил дека тој всушност ги земал дијамантите и ги чувал уште кај него , а излагал затоа што сакал да ја заштити фондацијата од истрага и сомневање.
Филмски улоги
уреди- The Cosby Show (3 епизоди, 1988)
- The Fresh Prince of Bel-Air (1990)
- Cool as Ice (1991)
- "In the Closet" (видео)
- "Erotica" (видео)
- The Night We Never Met (1993)
- Ready to Wear (1994) (cameo)
- Unzipped (1995) (документарен)
- Miami Rhapsody (1995)
- Absolutely Fabulous (1995) (cameo)
- New York Undercover (1995, 5 епизоди)
- To Wong Foo, Thanks for Everything! Julie Newmar (1995) (cameo)
- Catwalk (1996) (документарен)
- Girl 6 (1996)
- Invasion of Privacy (1996)
- Beautopia (1998) (документарен)
- An Alan Smithee Film: Burn Hollywood Burn (1998)
- Trippin' (1999)
- Prisoner of Love (1999)
- Ali G Indahouse (2002)
- Fat Slags (2004)
- The Call (2006)
- Karma, Confessions and Holi (2006)
- Ugly Betty (2008, една епизода)
Дискографија
уреди- 1995 - Baby Woman
Наводи
уреди- ↑ „World's most beautiful couple: and the figures to prove it“. Архивирано од изворникот на 2010-02-17. Посетено на 2010-09-04.
Надворешни врски
уреди„Наоми Кемпбел“ на Ризницата ? |
- Naomi Campbell на Твитер
- Naomi Campbell на Fashion Model Directory
- Naomi Campbell на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
Предлошка:1995-1999VSFashion Show
Предлошка:2000-2009VSFashion Show
Предлошка:1990-1999SISwimsuit