Ракајн (држава)
Аракан или Ракајн (име кое повеќе се користи денес) е една од седумте држави во Мјанмар. Сменстена е на западниот брег и се граничи со Чин на север, Магве, Баго и Иравади на исток, Бенгалски Залив на запад и Бангладешката провинција Читагонг не северозапад.
ရခုိင္ပ္ရည္နယ္ Аракан (Ракајн) (rahkuing pranynai) | |
Главен град | Ситуеј (Акјаб) |
Регион | Западен |
Површина | 36.780 km² |
Население | 3,188,807[1] |
Народи | Ракини, Бамари,Чини |
Религија | ислам, Будизам |
Потекло на поимот
уредиИмето Ракајн (или Аракан) е развиен од Палискиот збор Rakkhapura или Санскритскиот Raksapura, што значи земја на народот Ракаса (Rakhasa > Rakkha > Rakhine) и самиот збор Ракајн значи тој што ја одржува својата раса.
Името "Аракан" низ историјата е користено во Бенгалскиот, Арапскиот, Португаскиот, и Англискиот како замена алтернативна замена за "Ракајн", кое било користено од домородното население.
Демографија
уредиВо Аракан постојат 11 етнички групи (не вклучувајќи ги етничките под групи), од кои Ракините и Бамарите се домородни и најмногубројни. Поради големиот број на народи ситуацијата е покомплексна поради политичките тензии.
Административна поделба
уредиАракан е поделен на 5 дистрикти: Ситуеј, Монгдоу, Батидаунг, Чокпру и Тендоу. Има 17 градски општини и 1,164 села.
Еконимија
уредиВо Аракан годишно паѓа многу дожд и со тоа оризот е застапен во околу 85% од вкупната обработлибва површина. Кокосот и Нипа палмата се исто така важни. Рибарството е најважната индустриска гранка. Следи дрвната индустрија и рударството.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Извештај од пописот. Пописот на населението и домувањето во Мјанмар во 2014 година. 2. Непјидо: Министерство за имиграција и население. мај 2015. стр. 17.
Надворешни врски
уреди- Будистичко мисионерско друштво Архивирано на 11 октомври 2016 г.
- Раки ните во Јапонија Архивирано на 21 декември 2019 г.
- Араканската литература
- Rakhapura
- Arakan Internet Journal Архивирано на 29 октомври 2005 г.
- Rohingya National Organisation
Административна поделба на Мјанмар | |
Окрузи: Иравади | Баго | Магве | Мандалај | Сагаин | Танинтаји | Јангон | |
Држави: Чин | Качин | Каја | Карен | Мон | Ракајн | Шан | |
Самоуправувачки зони: Дану | Кокан | Нага | Па Лаун | Пао | |
Самоуправувачки округ: Ва | |
Сојузна територија: Непјидо |