Мон (држава)
Mон е една од седумте држави на Мјанмар. Сместена е тошно помеѓу Карен на исток, Адаманското Море на запад, Баго на север и Танинтаји на југ. Се граничи и со Тајландската провинција Канчанабури на југоисток. Има површина од 12.155 км2. Мон има многу малечки островчиња по неговиот брег кој изнесува 566 км во должина.
Мон (mwan pranynai) | |
Главен град | Мулмејн |
Регион | Јужен |
Површина | 12.155 km² |
Население | 2,054,393[1] |
Народи | мони, Бамари, Англо-Бурманци, Чини, Качини, Карени, Ракини, Шани |
Религија | Будизам, Христијанство |
Главен град е Мулмејн.
Демографија
уредиСе проценува дека во Мон живеат околу 2,5 милиони луѓе. Мнозинството се Мони. Но сепак има и голем број на етнички Бамари, Карени и Па-O.
Клима и географија
уредиМон има тропска клима. Просечната температура во јануари е 25,6 °C, а во Април е 29,4 °C . Просечните врнежи изнесуваат 4.830 мм, додека во областа Татон 5.500 mm. Дождовите се најјаки во Јули и Август.
Стопанство
уредиМон има околу 18.000 км2 обработливо земјиште, кое претежно е посеано со ориз. Има доста и приозводство на каучук. Доста е развиено и рибарството.
Административна поделба
уредиМон има 2 дистрикта
Постојат 10 градски општини, 11 градови и 1199 села.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Извештај од пописот. Пописот на населението и домувањето во Мјанмар во 2014 година. 2. Непјидо: Министерство за имиграција и население. мај 2015. стр. 17.
Административна поделба на Мјанмар | |
Окрузи: Иравади | Баго | Магве | Мандалај | Сагаин | Танинтаји | Јангон | |
Држави: Чин | Качин | Каја | Карен | Мон | Ракајн | Шан | |
Самоуправувачки зони: Дану | Кокан | Нага | Па Лаун | Пао | |
Самоуправувачки округ: Ва | |
Сојузна територија: Непјидо |