Средноевропско време
Средноевропско време (англиски: Central European Time, CET) — назив за часовниот појас која е 1 час понапред од координираното универзално време. Го користат највеќетто европски и некои северноафрикански земји.
сино | Западноевропско време (UTC+0) Западноевропско летно време (UTC+1) |
светлосино | Западноевропско време (UTC+0) |
црвено | Средноевропско време (UTC+1) Средноевропско летно време (UTC+2) |
беж | Источноевропско време (UTC+2) Источноевропско летно време (UTC+3) |
жолто | Калининградско време (UTC+2) |
зелено | Московско време (UTC+3) |
Ова време обично има средноевропско време од UTC+1. За време на летно сметање на времето, наместо ова време се користи средноевропското летно време (СЕЛВ или CEST), со поместеност од UTC+2. Моменталната времеска поместеност е UTC+1.
Употреба
уредиСредноевропското време во Европа
уредиСледниве земји и територии користат средноевропско време само зиме, помеѓу 1:00 UTC на последниот ден недела од октомври 1:00 UTC на последниот ден недела од март:
- Албанија, редовно од 1975 г.
- Австрија, редовно од 1980
- Андора, редовно од 1984
- Белгија, редовно од 1980
- Босна и Херцеговина, редовно од 1983
- Ватикан, редовно од 1966
- Германија, редовно од 1980
- Гибралтар, редовно од 1982
- Данска (континентална), редовно од 1980
- Италија, редовно од 1966
- Лихтенштајн
- Луксембург, редовно од 1977
- Малта, редовно од 1974
- Монако, редовно од 1976
- Норвешка, редовно од 1980
- Полска, редовно од 1977
- Македонија, редовно од 1983
- Сан Марино, редовно од 1966
- Словачка, редовно од 1979
- Словенија, редовно од 1983
- Србија, редовно од 1983
- Унгарија, редовно од 1980
- Франција (континентална), редовно од 1976
- Холандија (континентална), редовно од 1977
- Хрватска, редовно од 1983
- Црна Гора, редовно од 1983
- Чешка, редовно од 1979
- Швајцарија, редовно од 1981
- Шведска, редовно од 1980
- Шпанија (освен Канарските Острови), редовно од 1974
Пред Втората светска војна, Литванија користела средноевропско време (MET) во периодот од 1920–1940 г. За време на војната Германја го имплементирала ова време во сите окупирани територии. Во Франција, Белгија, Холандија и Луксембург средноевропското време било задржано. По војната, Монако, Шпанија, Андора и Гибралтар го прифатиле средноевропското врме.
Ирска и Обединетото Кралство експериментално го прифатиле средноевропското време во периодот од 1968–1971; меѓутоа овој експеримент се покажал непопуларен и краткотраен, главно заради зголемениот број на сообраќајни несреќи (деца настрадани одејќи на училиште) во мрачните зимски часови. Португалија го користела средноевропското време во периодот од 1966–1976, и повторно во периодот од 1992–1996.
Средноевропското време во Африка
уредиАлжир и Тунис користат средноевропското време во текот на целата година.
За други земји кои исто така користат UTC+1, видете Западноафриканско време.