Руско-бугарски односи
Руско-бугарски односи — надворешни односи меѓу Бугарија и Руската Федерација .Односите меѓу Бугарија и Русија секогаш биле предмет на спорови и дебати во историската наука и во политичкиот живот.
Бугарија |
Русија |
---|---|
Дипломатска мисија | |
Амбасада на Бугарија во Русија, Москва | Амбасада на Русија во Бугарија, Софија |
Дипломатски претставник | |
Амбасадор Атанас Крстин | Амбасадор Елеонора Митрофанова |
Дипломатски односи меѓу Русија и Бугарија започнале на 7 јули 1879, со РСФСР во април 1918 и биле прекинати во септември истата година. Дипломатски односи меѓу Советскиот Сојуз и Бугарија започнале на 23 јули 1934 а прекинати на 5 септември 1944 за да повторно бидат обновени на 16 август 1945 година.
На 23 октомври 1991 Република Бугарија и РСФСР потпишале протокол за воспоставување дипломатски односи.
Денеска Бугарија има амбасада во Москва и три конзулати во градовите Санкт Петербург, Екатеринбург и Новосибирск. Русија од своја страна има амбасада во Софија и два конзулати во Варна и Русе.
Историја
уредиОдносите меѓу Бугарија и Русија во раните векови на минатото не се многу познати. По христијанизацијата на Русија од Бугарија доаѓале во Русија книги и свештеници кои го организирале руското православие. Бугарско-руските односи се развиле во времето на Иван Асен. Бугарско-руските односи своја актуелност добиле по падот на Бугарија под турска власт, кога бугарското христијанско население често барало помош од Русија за нивно ослободување.
Руско-турските војни од времето на Екатерина Велика не довеле до ослободување на Бугарија од Отоманското Царство. Во отоманска власт многу Бугари имале свои активни односи со Русија, од каде носат главно христијански книги. Во плановите на Русија од времето на цар Иван Грозни во 16 век, Бугарите не влегуваат како сериозен предмет. Тие станале интересни за Русија дури откако се оддеелиле од Вселенската патријаршија.
По Априлското востание од 1876 година Русија имала изговор за прогласување на ослободителна војна, која повторно поминала во знакот на војната на крстот против полумесечина. Руската Империја зела активно учество во ослободувањето на Бугарија од Османлиите. По ослободувањето односите меѓу двете земји се заладиле поради две причини. Првата е национализмот на бугарските револуционери, а втората била лошото руско управување.
Во Првата светска војна бугарските војници војувале против руските во Добруџа. По Октомвриската револуција во Русија зборот "руско" се поистоветувал со зборот комунизам. Во тоа време биле напишани голем број на текстови и биле одржани јавни говори против Русија, бидејќи нејзиниот пат се сметал како опасен за Бугарија.
Во крајот на Втората светска војна, Бугарија паднала под советска доминација и во земјата бил воведен комунизам. Во текот на следните години следувало голема економска соработка меѓу двете земји. По распаѓањето на Советскиот Сојуз и падот на комунизмот во Бугарија, односите меѓу двете земји се должеле главно на економски интереси.
Хронолошки настани
уреди- 4 август 1992 Руската Федерација и Република Бугарија склучиле Договор за пријателски односи и соработка.
- март 2003 Владимир Путин во посета на Бугарија.
- јули 2004 Георги Парванов во посета на Русија.
- 4 септември 2006 во рамките на руско-бугарско-грчкиот енергетски самит се одржала средба на претседателите на Русија и Бугарија во Атина
- 15 март 2007 година во Атина, во присуство на Владимир Путин, премиерите Сергеј Станишев и Костас Караманлис потпишале меѓувладин договор за соработка во изградбата и експлоатацијата на нафтоводот Бургас-Александрополис.
- 2009 година се одржала Годината на Бугарија во Русија.
- 1 септември 2009 се одржал состанок на премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов и премиерот на Руската Федерација Владимир Путин во градот Гдањск, Полска, по повод 70-годишнината од почетокот на Втората светска војна.
- 2010 година, Владимир Путин и Бојко Борисов разговарале за соработката во областа на енергетиката, иднината на "Јужен поток" и атомската централа "Белене", цената на рускиот гас, како и можноста за проширување на трговијата помеѓу двете земји.
Економски односи
уредиРусија е традиционален и еден од најважните надворешно-економски партнери на Бугарија. По пристапувањето на Бугарија кон ЕУ односите помеѓу двете земји добиле уште поголема динамика. Потврда за ова е регистриран раст во 2007 во однос на 2006 на бугарскиот извоз за Русија со 96%, на руските инвестиции во Бугарија со 73,8%.
Години | Обем | Извоз | Увоз | Салдо |
---|---|---|---|---|
2004 | 1943,4 | 124,8 | 1818,6 | - 1693,8 |
2005 | 3002,0 | 152,6 | 2849,4 | - 2696,8 |
2006 | 4168,5 | 228,4 | 3940,1 | - 3711,7 |
2007 | 4159,3 | 446,3 | 3713,0 | - 3266,7 |
2008 | 5983,4 | 614,4 | 5369,0 | - 4754,6 |
2009 | 3445,9 | 415,8 | 3030,1 | - 2614,3 |