Руско-британски односи
Руско-британските односи (руски: Российско-британские отношения) се надворешни односи меѓу Обединетото кралство и Руската Федерација. Билатералните односи меѓу двете земји опфаќа период од речиси пет векови чија историја е исполнета со соперништво и сојузништво, во зависност од периодот.
Според анкетата спроведена од страна на Организацијата Галуп, британската јавност има едно од најповолните мислења на Русија, особено кај младите британски граѓани.[1]
Царска Русија и Англија
уредиКралството Англија и Руското царство воспоставиле односи во 1553 кога англискиот навигатор Ричард Ченслор пристигнал во Архангелск, време во кое со двете земји управувале Марија I и Иван Грозни. Тој се вратил во Англија и бил испратен назад во Русија во 1555 година кога била основана Московска компанија која одржувала монопол врз трговијата меѓу Англија и Русија до 1698 година.
Во 1698 година, Петар Велики престојувал во Англија три месеци. Тој ги подобрил односите и научил за новите технологии на островот, особено во врска со бродовите и навигацијата.[2]
Руска Империја и Кралство Велика Британија
уредиКралство Велика Британија (1707-1800), а подоцна и на Обединето Кралство на Велика Британија и Ирска (1800-1922) одржувало големи врски со Руската Империја (1721-1917). Од 1720-тите години, Петар Велики ги поканил британските инженери во Санкт Петербург, што довело до формирање на мала, но комерцијално влијателни англо-руска трговска заедницата која функционирала во периодот од 1730 до 1921 година.
Во серија од општи европски војни во XVIII век, двете империи се нашле некогаш како сојузници и понекогаш како непријатели. Двете држави се бореле на иста страна за време на Војната за австриското наследство (1740-1748), но на спротивни страни за време на Седумгодишната војна (1756-1763).
Избувнувањето на Француската револуција и нејзините придружни војни довело до привремено обединување на силите на двете земји во идеолошки сојуз против францускиот републиканизам. Британија и Русија се обиделе да ја запрат Франција но неуспехот на нивната заедничка инвазија на Холандија во 1799 година предизвикала промена во ставовите.
Велика Британија ја окупирала Малта, додека царот Павле I бил Голем мајстор на витешкиот ред Болничари. Тоа довело до т.н. Индиски поход од 1801 година.
Двете земји се бореле едни со други во текот на Англо-руската војна (1807-1812), по што Велика Британија и Русија станале сојузници против Наполеон Бонапарт во Наполеоновите војни.
Источното прашање и судбината на Отоманското Царство станало од интерес за двете земји, каде и двете интервенирале во Грчката војна за независност (1821-1829).
Проблемите врзани со Османлиите не се решиле кое довело до римската војна (1853-1856) во која на една страна биле Велика Британија, Франција и Отоманското Царство а на другата останала Русија.
Соперништвото меѓу Велика Британија и Русија продолжило и на територијата на Средна Азија. Русија сакала излез до Индискиот Океан додека Британија постојано ги спречувала на руските трупи за стекнување на пат за потенцијална инвазија на Индија.
Во 1907 година бил потпишан Англо-руски договор за влегување на двете земји во Антантата. Двете земји станале сојузници во текот на Првата светска војна против Централните сили.
Советски Сојуз и Обединето Кралство
уредиПо Руската револуција од 1917 година, Велика Британија испратила војници кон руски пристаништа во текот на Руската граѓанска војна со цел да се огранички помошта на Советите кон Германија.
По повлекувањето на британските војници од Русија започнале преговори за трговија меѓу двете земји. Така, на 16 март 1921 година, бил склучен англо-советски трговски договор.[3] На 1 февруари 1924 година Обединетото кралство го признал СССР. Односите меѓу двете земји биле растурени во 1927 а обновени во 1929 година. И покрај тоа, до почетокот на Втората светска војна двете земји имале напнати односи.
Втора светска војна
уредиВо 1938 година Велика Британија и Франција го потпишале Минхенскиот договор со Нацистичка Германија. СССР се противил на договорот и одбил да го признае соединувањето на дел од Чехословачка кон Германија.
Советите се чувствувале исклучени од западните прашања и биле мошне внимателни на можното непријателство од страна на западните земји или Германија. Како одговор на тоа, СССР потпишал нацистичко-советски пакт, кој ветувал дека Советите ќе ја контролираат Источна Европа а Германија пак Западна Европа. Пактот ја заштитил на Германија и овозможил нејзина инвазија во Полска и започнување на Втората светска војна. Велика Британија и објавила војна на Германија. Велика Британијабила наклонета кон Финска во нејзината војна против СССР (Зимска војна). СССР испорачуваl мазут на Нацистите кој бил користен за во војната против Обединетото Кралство.
Во 1941 година, Германија ја започнала операцијата Барбароса. СССР потоа станал еден од сојузниците во Втората светска војна заедно со Велика Британија. Англо-советската инвазија на Иран обезбедила нафтена поддршка за војната.
Велика Британија потпишала договор со СССР и испратила воена опрема. Сталин бил непопустлив за британската поддршка за новите граници меѓу Полска. По долгите преговори тие се согласиле дека по крајот на војната СССР ќе има свое влијание на источните делови од Европа. Во октомври 1944 година, Черчил и министерот за надворешни работи Ентони Идн се состанале во Москва со Сталин и неговите министер за надворешни работи Вјачеслав Молотов. Тие разговарале за контрола на остатокот од Источна Европа. По долги преговори двете страни се договориле на долгорочен план за поделба на регионот. Планот бил да се даде 90% влијание во Грција за Велика Британија и 90% во Романија за Русија. Русија добила 80% во Бугарија и Унгарија. Имало 50/50 поделба во Југославија.[4][5].
Студена војна
уредиПо крајот на Втората светска војна, односите меѓу Советскиот Сојуз и земјите од Западниот блок се влошиле. Односите генерално се затегнале за време на претстојната Студена војна кое резултирало со шпионажа и други тајни активности.
КГБ била осомничен за убиството на Георги Марков во Лондон во 1978 година. Високиот службеник на КГБ, Олег Гордиевски пребегнал во Лондон во 1985 година.
Британскиот премиер Маргарет Тачер водела силна анти-комунистичката политика заедно со Роналд Реган во текот на 1980-тите.
Руска Федерација и Обединето Кралство
уредиПо распадот на СССР, односите меѓу Велика Британија и новата Руска Федерација првично биле затоплени. Додека трговијата и човечките врски се зголемиле, дипломатските односи претрпеле серија обвинувања за шпионажа кои предизвикале серија од политички тензии меѓу Лондон и Москва.
Книгата Основи на Геополитиката, руски учебник објавен во 1997 година, била една од највлијателните книги меѓу руската војска, полиција. Во книгата се тврди дека Русија мора да ја изолира Велика Британија од политиката на континентална Европа[6].
Во 2003 година, Русија барала екстрадиција на Борис Березовски и чеченскиот сепаратистички Ахмед Закаев, но Велика Британија го одбила барањето откако дала политички азил[7].
Во крајот на 2006 година, поранешниот агент на КГБ Александар Литвиненко бил отруен во Лондон од радиоактивно металоид, полониум-210 и починал три недели подоцна. Британија барала екстрадиција на Андреј Луговој кој бил обвинет за смртта на Литвиненко но Русија го одбила барањето, велејќи дека уставот не дозволува екстрадиција на своите граѓани на странски земји. Велика Британија тогаш протерала четворица руски дипломати кое пак било проследено со руско протерување на четири британски дипломати[8]
Во јули 2007 година, обвинителство во Британија најавило дека Борис Березовски нема да се соочи со обвинение во Велика Британија поради неговата изјава за заговор за "револуција" во својата татковина.
Наводи
уреди- ↑ „Helsingin Sanomat - International Edition - Foreign“. Hs.fi. 2010-05-06. Архивирано од изворникот на 2014-07-17. Посетено на 2012-08-13.
- ↑ Jacob Abbott (1869). History of Peter the Great, Emperor of Russia. Harper. стр. 141–51.
- ↑ Text in League of Nations Treaty Series, vol. 4, pp. 128–136.
- ↑ Albert Resis, "The Churchill-Stalin Secret "Percentages" Agreement on the Balkans, Moscow, October 1944," American Historical Review (1978) 83#2 pp. 368-387 in JSTOR
- ↑ Klaus Larres, A companion to Europe since 1945 (2009) p. 9
- ↑ John B. Dunlop (August 2003). „Aleksandr Dugin's Foundations of Geopolitics“ (PDF). Princeton University. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-12-24. Посетено на 2012-11-20.
- ↑ BBC NEWS | World | Europe | Mood for a fight in UK-Russia row
- ↑ BBC NEWS | Politics | Russia expels four embassy staff