Градиште (Рожден)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Градиште

Карта

Местоположба 41°10′16″N 21°57′49″E / 41.17111° СГШ; 21.96361° ИГД / 41.17111; 21.96361
Основни податоци
Место Рожден
Општина Кавадарци
Тип

 градиште


Период доцноантичко време
Портал „Археологија“

Градиштеархеолошко наоѓалиште во кавадаречкото село Рожден. Претставува градиште од доцноантичко време.

На висок рид, што се издига на левиот брег на Мајденска Река, кај утоката во Крушка, на зарамнетиот врв што зафаќа простор од 150 × 100 м се наоѓаат остатоци од одбранбен бедем, граден од камен и варов малтер. По површината на градиштето се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и множество градежен материјал. На северниот крај на теренот се зачувани грамади од згура од топена железна руда.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 159. ISBN 9989-649-28-6.