Црква „Вознесение Христово“ - Рожден
црква во селото Рожден
(Пренасочено од Црква „Св. Спас“ - Рожден)
Вознесение Христово (позната и како Свети Спас) — црква во планинското село Рожден, околу 35 км јужно од Кавадарци.[1][2]
Вознесение Христово
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Повардарска |
Архијерејско намесништво | Кавадаречко |
Парохија | Ваташка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°11′16″N 21°57′9″E / 41.18778° СГШ; 21.95250° ИГД |
Место | Рожден |
Општина | Кавадарци |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Исус Христос |
Изградба | 1872 |
Живопис | 1874 |
Зограф | Петре и Глигор од Тресонче |
Архитектонски опис |
Сместена е на северозападниот дел од селото над едно возвишение. Под црквата се наоѓаат и самите селски гробишта.
Историја
уредиБила изградена во 1872 година, а живописана е по две години (1874), од зографите Петре и син му Глигор од село Тресонче. Овој податок може да се види од натписот кој се наоѓа над јужната врата од внатрешната страна во црквата. Црквата е скоро пред уривање и е целосно обрасната со треви и бршлени.[2]
Галерија
уреди-
Црквата во Рожден
-
Камбанаријата на црквата
-
Фреска над главниот влез
-
Припратата на црквата
-
Фреска над споредниот влез
-
Влезот во црквата
-
Селските гробишта пред влезот на црквата
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 „Цркви во Ваташката парохија“. Повардарска епархија. Посетено на 10 декември 2017.
Надворешни врски
уреди- Црква „Вознесение Христово“ - Рожден на Ризницата ?