Црква „Св. Илија“ - Рогачево

црква во селото Рогачево

Свети Илијаманастирска црква во тетовското село Рогачево.[1] Се наоѓа на местото викано Калуѓер над самото село. Амбионтот околу црквата е уникатен поради тоа што тука се наоѓаат изворите на Калуѓерска Река и вековните дабови. Во минатото ова бил жив манастир кој бил основан од монаси кои избегале за време на косовската битка. Подоцна манастирот бил уништен од страна на Турците. Денес е останата само црквата кој е обновена во 70тите години на XX век. Најголемиот празник се празнува за Илинден кој воедно е и селска слава. Во ова време се собираат сите жители на селото и доаѓаат локалните иселеници кои ги има на наколку стотини. Тоѓаш мо месноста се слави и се готви свечен ручек.

Свети Илија

Поглед црквата

македонска православна црква
Епархија Тетовско-гостиварска
Архијерејско намесништво Тетовско
Парохија Вратничка
Местоположба

Карта

Координати 42°9′44.06″N 21°9′26.92″E / 42.1622389° СГШ; 21.1574778° ИГД / 42.1622389; 21.1574778
Место Рогачево
Општина Јегуновце
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Пророк Илија
Архитектонски опис

Легенда

уреди

Секоја година за Илинден се коле курбан. Според старата селска легенда пред многу години на Илинден од падините на Шара слегувал елен. Ова животно доаѓало пред готвачите. Откако ќе му дале вода на еленот го колеле како курбан и правеле јадење. Така било со векови. Меѓутоа, една година не дошол елен. Готвачите се снашле со теле. А кога сè било готово, сепак, еленот се симнал, но веќе се било доцна. Оттогаш рогачевци за курбан колат теле.[2]

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. Рогачево природна реткост како во приказните[мртва врска]

Поврзано

уреди

Галерија

уреди