Ристо Лазаров
Ристо Лазаров, роден на 3 октомври 1949 година во Штип, НР Македонија. Дипломирал југословенска книжевност со македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Пишува поезија, театарска и литературна критика.[1] Живее и работи како новинар во Скопје.[2]
Творештво
уредиГи објавил следниве одделни книги поезија:
- „Ноќна птица во паркот“ (1972),
- „Јана“ (1980),
- „Гроџен кикот“ (1983),
- „Капки кисела вистина“ (1985),
- „Лето преку океанот“ (1988),
- „Горјан во Дорјан“ (1988),
- „Точка на вриење“ (1990),
- „Од Битола појдов“(1993),
- „Одвајнадежна“ (1993),
- „Силјан штркот уште еднаш ја облетува Македонија“ (1995),
- „Херакле“ (1998),
- „Колумбо“ (2000),
- „Тројца за преферанс“ (2001),
- „Одмолчена“ (2003),
- „Ненадејна“ (2005),
- „Чехопек“ (2006),
- „Среде“ (2008),
- „Сонот на коалата“ (2009),
- „Кревалка“ (2011),
- „Ситночекорка“ (2012),
- „Светилничар“ (2013).
Објавил и три избора од поезијата на македонски јазик: „Одрони“ (1988), „Јаве“ (1998) и „Жива рана“ (2008). Неговите книги се преведени на албански, англиски, бугарски, руски, словенечки, српски и чешки јазик.
Награди и признанија
уредиРисто Лазаров е добитник е на следните награди во областа на литературното творештво:
- „Млад борец“ (1972): за стихозбирката „Ноќна птица во паркот“
- „8 Ноември“ (1972): доделена од градот Штип за стихозбирката „Ноќна птица во паркот“
- „13 Ноември“ (1980): доделена од градот Скопје за стихозбирката „Јана“ [3]
- Прва награда за песна на „Празникот на липите“ (2000)
- „Ацо Шопов“ : доделена во 2007 година од Друштвото на писателите на Македонија за стихозбирката „Чехопек“, објавена во 2006 год.[4]
- „Книжевен жезол“ (2010)
- „Велја кутија“ (2010): на манифестацијата „Македонски духовни конаци“
- „Дијалог“ (2012)
- „Браќа Миладиновци“: доделена од Струшките вечери на поезијата за стихозбирката „Среде“ како најдобра книга поезија од македонски автор
- Награда „11 Октомври“ за животно дело од областа на културата и уметноста (2018)[5]
Во областа на новинарството ги добил врвните државни награди „Мито Хаџи Василев - Јасмин“ (1975) и „Крсте Мисирков“ (1982).
Професионален ангажман
уредиРисто Лазаров е застапуван во повеќе антологии на македонската и југословенската поезија. Член е на Друштвото на писателите на Македонија и на Македонскиот ПЕН центар. Од 2006 година е претседател на Македонскиот ПЕН центар. Бил генерален директор на југословенската новинска агенција „Танјуг“. Бил директор и главен уредник на Телевизија Телма.
Надворешни врски
уредиНаводи
уреди- ↑ * Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 135.
- ↑ http://ristolazarov.com/bio/bio.php
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-05-06. Посетено на 2016-12-23.
- ↑ http://utrinski.mk/?ItemID=B441844C708C07448BB58D43D72EB051[мртва врска]
- ↑ Доделување на наградата 11 Октомври на семрежното место на Собранието на Република Македонија