Англичанецот кој се качил...
Англичанецот кој се качил на рид, а слегол од планина (англиски: The Englishman Who Went Up a Hill but Came Down a Mountain) е британски филм од 1995 година, во режија на Кристофер Монгер. Главните улоги ги толкуваат: Хју Грант и Тара Фицџералд.
Содржина
уредиВо 1917 година, за време на Првата светска војна, двајца англиски картографи го посетуваат малото село Финон Гарв, во Јужен Велс за да ја измерат висината на „првата планина во Велс“. Мештаните се горди на својата „планина“, но потоа се разочарани и бесни, кога картографите ќе утврдат дека тоа е само рид. Не сакајќи да бидат ограничени од географските правила, мештаните се договараат од ридот да направат планина, но притоа мора да ги спречат Англичаните да си заминат пред да биде завршена работата.[1] [2]