Чоколадни Ридовиридови на островот Бохол на Филипините што изгледаат како да се вештачки направени, како да не се дело на природата, туку резултат на некој неверојатен човечки потфат. Стотина конусовидни и куполести планини стојат една зад друга, како стогови сено на полињата. Ридовите се покриени со груба трева, а во суштина периодот од февруари до мај, стануваат толку изгорени од сонцето што доиваат боја на чоколадо, според која и го добиле своето име. Потоа доаѓаат изобилните тропски дождови што ја обновуваат тревата и на целата област му даваат блескава зелена боја.

Поглед на Чоколадните Ридови.

Островот Бохол значаен во историјата на Филипините

уреди
Подрачјето на Чоколадните Ридови во рамките на островот

Бохол е еден од островите од архипелагот Висаја што се наоѓаат во центарот на Филипините. Овој остров, голем колку Мајорка, зазема посебно место во историјата на Филипини, бидејќи таму во 1565 година е склучен првиот официјален договор меѓу жителите на островот и кралството на Шпанија. Тамошниот поглавар Дату Сикатуна склучил договор за пријателство со Мигел Лопес де Легаспи, претставник на Филип II од Шпанија, во чија чест земјата го добила името Филипини. Тие двајца го запечатиле договорот, така што се напиле вино измешано со крв, која од нивните исечени дланки капеле во чашата. Оттогаш, овој договор е познат како „договор во крв“.

Местоположба

уреди

За денешните Филипинци, Бохоло е првенствено област во која се наоѓаат Чоколадните Ридови. Дури 1.268 брекчиња со правилен облик и релативно стрмни планини, стојат збиени едно во друго на висорамнината во центарот на Бохол и се извишуваат до 100 м во височина.

Народно предание

уреди

Не може со сигурност да се каже кога се создале овие варовнички ридови, но можно е тие да се последица на влијанието на дождовите во текот на милион години. Чоколадните Ридови се необични, бидејќи тука нема водни подземни системи, какви што обично постојат во другите варовнички области. Народното предание на жителите на Бохол, дава поинакво објаснување за создавањето на Чоколадните Ридови. Според една легенда, ридовите се резултат на битка меѓу два лути џина, кои со денови фрлале камења еден на друг, но без никаков резултат. Изморени од борбата тие се смириле и заминале од островот како најдобри пријатели оставајќи ги камењата таму каде што паднале. Втората, трагична приказна раскажува дека џинот Арго бил силно вљубен во смртничката Алоја, па решил да ја грабне. Но таа го одбила потоа се разболела и умрела, а Чоколадните Ридови се солзите на џинот кој бил скршен од тага.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

Chocolate Hills

  • Грегор Медвед „МА-ТИСК“ , Марибор, 2008, Лавинија Стојановска, прев. Лазо Глигороски