ОУ „Лирија“ - Вруток
Основно училиште „Лирија“ (порано: Основно училиште „Злате Дамјановски“; службено: Основно општинско училиште „Лирија“ - Вруток; скратено: ООУ „Лирија“) — централно основно училиште во гостиварското село Вруток, Општина Гостивар.[1][2]
Лирија
„Слобода“ | |
---|---|
Место | |
Општина: | Општина Гостивар |
Наречено по: | Лирија („Слобода“) |
Нас. место: | Вруток |
Адреса: | с. Вруток |
Местоположба | |
Основни информации | |
Основано: | 1945 |
Настава на: | македонски и албански |
Контактни информации | |
Е-пошта | liria.vrutok@yahoo.com |
Телефон | 042/800-372 |
Факс | 042/800-372 |
Името на училиштето доаѓа од албанскиот збор „лирија“ што означува Слобода.
Историја
уредиУчилиштето е основано во 1945 година од страна на НОО Гостивар, под името „Вардар“ како неполно осумгодишно училиште, а од 1951 година, станува полно основно училиште. Во 1967 година, училиштето го сменило своето име во Злате Дамјановски.
Настава
уредиВо училиштето наставата се изведува на албански и македонски наставен јазик.
Подрачни училишта
уредиВо составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта:
- ПУ „Лирија“ - Равен, подрачно училиште; и
- ПУ „Лирија“ - Речане, подрачно училиште.
Во минатото во состав на ова училиштето работеле и училиштето во селото Дуф,[3] но по промените во територијалната организација, истото во 2005 година била пренесено како подрачно училиште на ОУ „Денче Дејаноски“ - Маврови Анови.[4]
Наводи
уреди- ↑ „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Посетено на 2024-12-06.
- ↑ „Основни училишта“. Општина Гостивар. Архивирано од изворникот на 2023-03-03. Посетено на 4 март 2023.
- ↑ Архивски фондови и збирки, Скопје 2006, стр. 37
- ↑ „Службен весник на Република Македонија“ (PDF). Службен весник на Македонија. 8 август 2005. Посетено на 4 март 2023.