Чонград
Чонград-Чанад Csongrád-Csanád megye | |
Регион | Голема јужна котлина |
Административен центар | Сегед |
Површина | 4.262,68 км2 |
Население | 424.139 (2008) |
Густина на населението | 99,5 /км2 |
Број на населени места | 60 |
Мрежно место | www.csongrad-megye.hu |
Чонград-Чанад, (унгарски: Csongrád-Csanád megye) е еден од 19-те окрузи на Унгарија кој се наоѓа во јужниот дел на земјата, на двете страни од реката Тиза, на границата со Србија и Романија. Од унгарските окрузи граничи со Бач-Кишкун, Јас-Наѓкун-Солнок и Бекеш. Површината на округот изнесува 4.262,68 км2, а административен центар е градот Сегед.
После отоманската окупација во 1715 година округот бил скоро ненаселени, а густина на населението била помала од 5 луѓе на 1 km2. Во XVIII и XIX век, округот бил ренаселен со етнички Унгарци од релативно пренаселените северни и западни окрузи на Кралството Унгарија.[1] Сега округот е дом на 423,826 луѓе (од кои 216,936 живеат во урбаните населени места), а густината на населението е 100 луѓе на 1 km2. Во округот 95% од населението го сочинуват Унгарците.
Наводи
уреди- ↑ Changing ethnicities in Hungary (map+data+assay) (Károly Kocsis, Zsolt Bottlik, MTA Földrajztudományi Kutatóintézet, Budapest 2009, ISBN 978-963-9545-18-2, ISBN 978-963-9545-19-9)