Пешта (округ)
- За во минатото посебниот град, денеска дел од Будимпешта видете Пешта.
Пешта Pest megye | |
Регион | Централна Унгарија |
Административен центар | Будимпешта |
Површина | 6.393,14 км2 |
Население | 1.195.020 (2008) |
Густина на населението | 168 /км² |
Број на населени места | 187 |
Мрежно место | www.pestmegye.hu |
Унгарија |
Округот Пешта (унгарски: Pest megye) е еден од 19-те окрузи на Унгарија, сместен во централниот дел на земјата. Зафаќа површина од 6393.14km2, а бројот на населението изнесува 1,213,090, според податоците од 2009. Го опкружува главниот град Будимпешта, како и повеќе од населението (65.2%/790,995 во 2009) живее во населбите на Будимпешта. Границите ги дели со Словачка и унгарските окрузи: Ноград, Хевеш, Јас-Наѓкун-Солнок, Бач-Кишкун, Фејер и Комаром-Естергом. Реката Дунав тече низ округот. Главен град на округот е Будимпешта, кој е административно одделен.
Историја
уредиДенешниот округ Пешта бил формиран после Втората светска војна, кога поранешниот округ Пешта-Пилис-Солт-Кискун бил поделен на два дела (другиот дел денеска се наоѓа во округот Бач-Кишкун). Пешта како округ исто така постоела и во раните денови на Кралството Унгарија (11 век). Територијата на поранешниот округ со исто име приближно го зафаќал североисточниот дел на денешниот округ Пешта. Бил споен со округот Пилис пред 15-от век.
Население
уредиВака изгледа историскиот развиток на населението во округот Пешта, почнувајќи од 1870 година:
Година | Население |
---|---|
1870 | 330,089 |
1880 | 353,851 |
1890 | 395,142 |
1900 | 450,136 |
1910 | 524,320 |
1920 | 571,753 |
1930 | 633,257 |
1941 | 682,696 |
1949 | 686,953 |
1960 | 781,505 |
1970 | 878,644 |
1980 | 973,830 |
1990 | 949,842 |
2001 | 1,083,877 |
2009 | 1,213,290 |
Етнички групи
уредиНаселение по националност според пописот од 2001 година.[1]:
- Унгарци - 93.5%
- Германци - 1.7%
- Роми - 1.2%
- Словаци - 0.8%
- Други - 0.5%
- Без одговор (непознато) - - 2.3%
Религии
уредиНаселение според деноминации:[2]
- Римокатолици - 53%
- Калвинисти - 16%
- лутеранци - 3.8%
- Гркокатолици - 1.2%
- Атеисти - 347,209 (19.5%)
- Други (Христијани) - 1.3%
- Други (не-Христијани) - 0.2%
- Без одговор (непознато) - 12.5%
Галерија
уреди-
Палата Халастелек
-
Воздушна фотографија на палата Фот
-
Воздушна фотографија: Вишеград - Горниот замок
-
Галгахевиз
-
Палатата Помаз
-
Палатата Замбек од горе
-
Палатата Талмас
-
Замокот Солимар
Наводи
уреди- ↑ „Population by nationalities“. Hungarian Central Statistical Office. 2001. Посетено на 2008-05-30.[мртва врска]
- ↑ „Population by religions, denominations“. Hungarian Central Statistical Office. 2001. Архивирано од изворникот на 2005-04-22. Посетено на 2008-05-30.
Надворешни врски
уреди„Пешта (округ)“ на Ризницата ? |
- Официјално мрежно место
- Врски за округот
- Туристички информации
- Карта на Пешта
- Портал Архивирано на 12 декември 2008 г.
- Попис од 2007[мртва врска]