Ноград
Ноград Nógrád megye | |
![]() | |
![]() | |
Регион | Северна Унгарија |
Административен центар | Шалготарјан |
Површина | 2.544,18 км2 |
Население | 210.182 (2008) |
Густина на населението | 82,6 /км2 |
Број на населени места | 131 |
Мрежно место | www.nograd.hu/ |
![]() |
Ноград (унгарски: Nógrád) е еден од 19те окрузи на Унгарија. Ноград се наоѓа во северна Унгарија. Своите граници ги дели со Словачка и унгарските окрузи Пешта, Хевеш, Боршод-Абауј-Земплен . Главен административен центар на округот е Шалготарјан. Површината изнесува 2544 км2.

Ноград е познат по неговата историска архитектура, која ги вклучува античките готски цркви и камените замоци кои датираат од 13 век. Други историски атракции се и барок зградите кои се изградени во XVIII век.[1] Поголемиот дел од северната граница на округот ја формира реката Иполи. Делови од планиниските вериги Борсони, Черхат и Матра лежат во округот.
Поради планините, округот се одликува со мали селцат кои се сместени во ридовите. Најголемите градски населби во округот се Баласѓармат, поранешната столица на округот и Шалготарјан кој станал индустриски центар во раниот 20 век, како резултат на ближните рудници.[2]
Наводи
уреди- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2013-06-14. Посетено на 2010-06-24.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 2010-06-24.
Надворешни врски
уреди„Ноград“ на Ризницата ? |