Бач-Кишкун
Бач-Кишкун, Bács-Kiskun megye | |
Регион | Голема јужна котлина |
Административен центар | Кечкемет |
Површина | 8.445,15 км2 |
Население | 533.710 (2008) |
Густина на населението | 63,1 /км2 |
Број на населени места | 119 |
Мрежно место | www.bacskiskun.hu/ |
Бач-Кишкун (на унгарски: Bács-Kiskun) е еден од 19-те окрузи (megye) на Република Унгарија. Се наоѓа во централниот-долен дел на државата. Најјужните делови на округот зафаќаат дел од историската област Бачка, од која поголем дел денеска се наоѓа во Војводина, Република Србија. Административен центар на округот е градот Кечкемет.