Витенберге (германски: Wittenberge) — град во округот Пригниц, во сојузната покраина Бранденбург, Германија. Се наоѓа на реката Елба.

Витенберге
Панорама на Витенберге
Панорама на Витенберге
Панорама на Витенберге
Грб на Витенберге
Витенберге во рамките на Германија
Витенберге
Управа
Земја Германија
Покраина Бранденбург
Округ Пригниц
Градски единици 7
Градоначалник Оливер Херман (независен)
Основни податоци
Површина 50,44 км2
Надм. височина 25 м
Население 16.862 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 334 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. PR
Пошт. бр. 19322
Повик. бр. 03877
Портал www.wittenberge.de
Местоположба на градот Витенберге во рамките на округот Пригниц
Карта
Карта
Координати 53°00′N 11°45′E / 53.000° СГШ; 11.750° ИГД / 53.000; 11.750

Географија

уреди

Витенберге се наоѓа на десниот брег на реката Елба кај нејзиот влив со Штепениц и Картане. Во рамките на округот, градот се граничи со општинската заедница Ленцен-Елбталауе и Бад Вилснак/Вајзен како и со административното седиште Перлеберг. Општинската заедница Зехаузен (Алтмарк) во округот Штендал, Саксонија-Анхалт, се наоѓа на спротивната страна на Елба.

Историја

уреди
 
Градското собрание

Градот бил означен во 1239 како Вендишвалде и во 1300 саксонскиот крал Отон Први основал населба. Започнала да се развива бавно, но постојано. Градскиот замок (1669) — зачуван како градски музеј, но бил опожарен во 1686 и 1757 и поплавен од Елба во 1709 и 1761. Поради неговата местоположба, просперирал од отворањето на паробродскиот сообраќај помеѓу Берлин и Хамбург. Во 1846 била изградена првата железничка линија и биле отворени првите фабрики. Подоцна биле отворени и железнички работилници и депоа и светски познатата машина за шиење била склопувана тука во 1903. Во 1914 било изградена Градското собрание.

Од 15 август 1942 до 17 февруари 1945 постоел концентрациски камп во Витенберге. Кампот бил подкамп на концентрацискиот камп Нојенгаме.[2]

Помеѓу двете светски војни биле изградени големи работнички населби за растечкото население. Бил погоден и многу оштетен во текот на Втората светска војна. По војната само железничкото депо продолжило да работи, иако подоцна биле отворени други фабрики во разни дејности.

Меѓународни односи

уреди

Збратимени градови

уреди

Витенберге е збратимен со:

Познати луѓе

уреди

Наводи

уреди
  1. „Население на Бранденбург по општини и општински заедници] на 31 декември 2020 г.“. Статистичка служба за Берлин и Бранденбург. јуни 2021. (германски)
  2. Кампот бил запишан со број 1587 Витенберге, округ Витенберге, во официјалниот германски список на концентрациски кампови Verzeichnis der Konzentrationslager und ihrer Außenkommandos Архивирано на 16 јули 2006 г. (германски)

Надворешни врски

уреди