Кириц (германски: Kyritz) — град во округот Источен Пригниц-Рупин, во сојузната покраина Бранденбург, Германија. Се наоѓа 28 километри западно од Нојрупин и 28 километри југоисточно од Прицвалк.

Кириц
Градско собрание
Градско собрание
Градско собрание
Грб на Кириц
Кириц во рамките на Германија
Кириц
Управа
Земја Германија
Покраина Бранденбург
Округ Источен Пригниц-Рупин
Градски единици 13
Градоначалник Ханс-Јоахим Винтер (ДХС)
Основни податоци
Површина 156,09 км2
Надм. височина 42 м
Население 9.281 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 59 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. OPR
Пошт. бр. 16866
Повик. бр. 03 39 71
Портал www.kyritz.de
Местоположба на градот Кириц во рамките на округот Источен Пригниц-Рупин
Карта
Карта
Координати 52°57′0″N 12°24′0″E / 52.95000° СГШ; 12.40000° ИГД / 52.95000; 12.40000
Црква Св. Богородица

Преглед

уреди

Градот се наоѓа близу Кирицкиот езерски синџир на езера. Градот го има добиено прекарот „крколивиот Кириц“ (Kyritz an der Knatter). Бучавата на бројните воденици долж потокот, паралелен на реката Јеглиц била причината за овој прекар. Овој речен канал денес не постои.

Градот е составен од следниве единици: Берлит, Борк, Древен, Гантиков, Ганц, Холцхаузен, Кецлин, Лелихов, Мехов, Рефелд и Тец.

Историја

уреди
  • Во 946 Кириц бил првпат споменат во документите.
  • Во 1225 бил основан францискански манастир (укинат во 1552)
  • Во 1237, Кириц (првично Хорици („Chorizi“)) ги добил градските права. Градот се наоѓа во областа Пригниц, словенски pregynica (што означува „непристапни дрвја“).
  • Во 14 век, Кириц станал член на Ханза. Во тоа време биле изградени градските ѕидини и парохиската црква Св. Богородица. Црквата и остатоците од градските ѕидини постојат и денес.
  • Во 1488 било произведено првото пиво наречено „Mord und Totschlag“ (Смрт и убиство). Пивото сè уште се произведува во селото Десов.
  • Во 1600 е роден грофот Ханс Кристоф фон Кенигсмарк, водечки шведски генерал во Триесетгодишната војна.
  • Во 1626, 800 жители на градот умреле поради чума.
  • Во XVII и XVIII век биле градени фахверк куќи, кои и денес се зачувани во центарот на градот.
  • Од 1806 до 1814 бил окупиран од Франција. Во 1814 бил засаден „мировен даб“, кој и денес се наоѓа пред градското собрание.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Население на Бранденбург по општини и општински заедници] на 31 декември 2020 г.“. Статистичка служба за Берлин и Бранденбург. јуни 2021. (германски)

Надворешни врски

уреди