Шестаголник
Шестаголник – многуаголник со шест темиња и шест страни.
Правилен шестаголникУреди
Правилниот шестаголник е шестаголник кај кого сите страни се со еднакви должини и сите внатрешни агли се еднакви.
Внатрешните агли на правилен шестаголник имаат по 120° (степени), а збирот на сите внатрешни агли на кој било шестаголник изнесува 720°. Како што е можно да се покрие рамнина со рамнострани триаголници или квадрати, и правилниот шестаголник ја има таа особина.
Пчелното саќе има основни елементи во облик на шестаголник токму затоа што таквата форма овозможува ефикасна и економична употреба на просторот и материјалот од кого е изградено.
Ако забележиме дека правилниот шестаголник е составен од 6 рамнострани триаголници, неговата површина ќе биде шест пати поголема од површината на рамностран триаголник и ако неговата страна е со должина , ќе биде дадена со формулата:
Периметарот на шестаголник чија страна е со должина е еднаков на , должината на дијагоналата е .
КонструкцијаУреди
Правилен шестаголник може да се конструира со помош на линијар и шестар. Следнава анимација ја илустрира чекор по чекор конструкцијата на правилен шестаголник која ја дал Евклид во своите „Елементи“.
Неправилни шестаголнициУреди
Секој шестаголник кој не е правилен се нарекува неправилен. Овој вид може да ги има следниве облици:
Вкрстен шестаголник | Конвексен шестаголник | Конкавен шестаголник |
Темиња | Страни | Дијагонали |
6 | 6 | 9 |
Каде може да се види шестаголникУреди
Микрофотографија на снегулка
ПоврзаноУреди
Надворешни врскиУреди
„Шестаголник“ на Ризницата ? |
- Шестаголник на Mathworld
- Дефиниција и особини на шестаголник со интерактивна анимација