Отвори го главното мени

Робовладетелствоопштествено-економски систем под кој одредени личности - познати како робови - се лишени од лична слобода и принудени на работа.

Робовите се држат против нивна волја за времето кога ќе бидат заробени, продажбата, или пак раѓањето и се лишени од правото да заминат, да одбијат да работат или пак да добијат надоместок како плата за нивниот труд. Како такво робовладетелството е форма на неслободен труд.

Во најтесна смисла на зборот, роб претставува човек кој припаѓа на друг човек, домаќинство, компанија, корпорација или влада.

Сегашна ситуацијаУреди

Иако е незаконско во скоро секоја земја денес, робовладетелството е сѐ уште присутно во некои делови од светот. Според поширока дефиниција за робувањето, според Кевин Бејлс од групацијата Free the Slaves (FTS) која е поврзана со Anti-Slavery International (интернационална група за борба против робовладетелство), денес околу 27 милиони луѓе живеат како робови или во виртуелно робовладетелство, раширени насекаде во светот. Според FTS ова претставува најголемата бројка на луѓе кои живеат како робови во историјата но и најмалиот процент од човечката популација што бил поробен одеднаш.

FTS тврди дека во денешно време робовите се продаваат за цени од 40 американски долари за млад здрав маж на Мали погоден за работа или пак за 1000 долари за HIV негативна жена во Тајланд погодна за работа во бордел. Ниската граница (40$) претставува најниската цена која некогаш постоела за роб, за споредба во 1850 година во САД истиот машки роб би го продавале за цена од 25,800 долари (1000$ oд 1850 во денешни американски долари). Оваа разлика е најверојатно поради поголемата популација денес и моќта да се најдат робови денес. Како резултат на ниската цена економските предности на денешното робовладетелство се јасни.

Иако незаконско во скоро сите држави во светот, денес ропството се практикува тајно во истиоте тие држави - со дури и јавно, просто поробување во делови во Африка, Блискиот Исток, Јужна Азија итн. Од Блискиот Исток пријавуваат дека робувањето е сѐ уште ендемично во Судан. Во јули 2007, 570 луге кои биле поробени од страна на производители на тули во провинцијата Шанкси и Хенан во Кина беа ослободени, од тие 570 69 се деца. Кинеската влада организирала полициска сила од 35.000 полицајци да ги проверат северните Кинески фабрики за тули дали содржат робови. Голем дел од производителите на тули беа пратени во затвор, 95 државници од Шанкси беа казнети заради занемарување на должноста и еден сопственик на фабрика бил осуден на смрт поради убиство на поробен работник.

Во Мавританија, се проценува дека 600.000 мажи, жени и деца или 20% од популацијата се поробени извршувајќи принудна работа. Ропството во Мавританија беше криминализирано дури во август 2007. Во Нигер, робството претставува исто така голем феномен имајќи повеќе од 800.000 поробени луѓе или 8% од целосната популација. Друг вид на робство широко распространет е поробувањето на деца за работа на фарми или во рудници. Според Стејт департментот на САД денес над 109.000 деца работат на фармите за какао само во Брегот на слоновата коска.