Западна Сахара
Западна Сахара е една од најслабо населените територии во светот и претежно претставува пустинска земја. Се наоѓа во Северозападна Африка и се граничи со Мароко на север, со Алжир на североисток, со Мавританија на исток и југ и со Атлантскиот Океан на запад. Главен град е ел-Ајун, во кој живее преку третина од населението на Западна Сахара.
Западна Сахара الصحراء الغربية As-Ṣaḥrā' al-Ġarbiyyah Sahara Occidental |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: „Слобода, Демократија, Единство“ | ||||||
Химна: يا بني الصحراء „Ох, синови на Сахара!“ |
||||||
Главен град | н/п | |||||
Најголем град | ел-Ајун | |||||
Службен јазик | арапски де јуре1, шпански де факто | |||||
Демоним | Сахрави | |||||
Оспорена незавосност | ||||||
• | Отцепена од Шпанија | 14 ноември 1975 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 266.000 км2 (77ма) | ||||
• | Вода (%) | незначително | ||||
Население | ||||||
• | проценка за јули 2007 г. | 382.617 (167ма) | ||||
• | Густина | 1.3 жит/км2 (238ма) | ||||
Валута | Марокански дирхам (MAD ) |
|||||
Часовен појас | UTC (UTC+0) | |||||
• | (ЛСВ) | GMT (UTC) | ||||
НДД | .eh е резервиран, но не се користи | |||||
Повик. бр. | 212 |
Мароко и движењето за независност Полисарио се стремат да ја контролираат оваа територија. По примирјето од 1991 година главнината од територијата на Западна Сахара ја контролира Мароко, а Сахарската Арапска Демократска Република има контрола само на мал дел од територијата. Независноста на Западна Сахара е призната од страна на 45 држави, додека Мароко има добиено формална поддршка за својата позиција од 25 држави, во прв ред од државите членки на Арапската Лига.