Јордан Митев (Радовиш, 13 август 1986) — македонски пејач на фолк музика.

Јордан Митев
Роден 13 август 1986(1986-08-13)(37 г.)
Радовиш, СР Македонија, СФРЈ
Родно место Подареш, Македонија
Националност Македонец
Занимање фолк пејач, кант автор и инструменталист, режисер

Животопис уреди

Митев е роден на 13 август 1986 година во Радовиш. Потекнува и живее во Подареш. Основното образование го завршил во родното село, а подоцнежното образование го продолжил во Радовиш. Средното образование го продолжил во музичкото училиште во Штип. Свири на повеќе инструменти, како хармоника, пијано, кавал, гајда, а посетувал и часови за надградба и едукација на неговиот глас. Веднаш по своето средно образование продолжува на факултетот за музичка уметност во Скопје на отсекот, „Музичка теорија и педагогија со народни инструменти". Таму ги поминал  наредните четири години каде што имал прилика да учи, соработува и собира искуства од голем број познати професори и музичари. Еден од најзначајните меѓу нив бил Драган Даутовски, од којшто Митев собрал големо искуство. Уште како ученик и студент има патувано во голем број земји надвор од Македонија како на пр: Словачка, Франција, Турција, Бугарија, Србија, Швајцарија, Германија, Холандија, Шведска итн, каде што настапувал на голем број фестивали за етно музика и одржувал семинари за македонскиот фолклор. Во 2015 година направи голем солистички концерт по повод 10 години јубилеј, во придружба на Група Академци. Тој чест гостин е во "Мерак Меана" на Сител-телевизија, настапува и со Група Скопски Боеми. Како автор досега има напишано доста голем број композиции коишто некои од нив се наградувани во Македонија.[1][2][3]

Спотови уреди

Спот Година Режисер
Кога тргнав Цвето во туѓина 2006
Македонско да заиграме 2007
Срцево уште чува место за тебе 2008
Домаќине добри гости ти дојдоа 2008
Каменот си тежи на местото 2009
Заљубив мале три моми 2009
Ајде сонце зајде 2009
Каролинче каранфилче 2009
Крушевска Република 2010
Конче 2010
На Пирок ќе се соберат 2010
Полетај песно моја 2011
Ајде сите на нозе 2011
Голема звадба правиме 2011 Јордан Митев
Зоре моја 2012
Еднаш вака славам,еднаш вака правам 2012 Јордан Митев
Моја последна 2013
Љубов голема 2014
Љубовта и меракот се најскапите 2015
Моја кралице 2015
Ти ќе си моја 2016
Кажи да моја најмила 2016
Ај што мерак имам бабо 2016 Јордан Митев
Само тебе јас те сакам 2016 Јордан Митев
Наздрави за љубов,наздрави за среќа 2019 Јордан Митев
За тебе 2019 Јордан Митев
Роден крај 2019 Јордан Митев
Жена за 100 години 2020 Јордан Митев
Татко 2021 Јордан Митев
Да се живи здрави младоженците 2021 Јордан Митев
Среќо моја, среќа си ми ти 2023 Јордан Митев
Денес ми е добро на душичката 2023 Јордан Митев

Наводи уреди

  1. август 04-00-41-33/26622-jordan-mitev-ovoj-vikend-vo-shvajcarija.html „Јордан Митев овој викенд во Швајцарија“ Проверете ја вредноста |url= (help). Информатор. 7 февруари 2012. Посетено на 15 април 2012.
  2. јуни 18-26-19&catid=1:2011 ноември 05-23-59-59&Itemid=11 „ЈОРДАН МИТЕВ ОД АВСТРАЛИЛИА НАЈАВУВА КОНЦЕРТИ НИЗ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА!“ Проверете ја вредноста |url= (help). Естрада Плус. 6 јануари 2012. Посетено на 15 април 2012.
  3. „ЈОРДАН МИТЕВ СНИМА СПОТ И АЛБУМ“. 10 без 10. 25 февруари 2011. Архивирано од изворникот на 2013-02-06. Посетено на 15 април 2012.

Надворешни врски уреди