Повеќегодишно растение

(Пренасочено од Повеќегодишни растенија)

Повеќегодишно растение или многугодишно растениерастение што живее над две години.[1]

Кајсија - повеќегодишно овошно дрво

Овие растенија, особено малите цветни растенија, растат и цветаат на пролет и лето, па венеат на есен и зима. Напролет повторно излегуваат од истото наместо нови растенија од семиња, како кај едногодишните. Овие се нарекуваат „тревести“. Ова зависи и од локалните климатски услови: едно растение што е повеќегодишно во својата автохтона средина, во друга може да бара садење секоја година од семе или исечени изданоци.

Животен циклус

уреди

Повеќегодишните растенија можат да бидат краткотрајни (само неколку години) или долготрајни, како дрвата што знаат да достигнат старост од 4000 години. По висина се движат од неколку милиметри, па сè до над 100 метри. Тука спаѓаат најразлични растенија од папрати и џигерници до мошне разновидните орхидеи и треви.

Растенијата што цветаат и раѓаат плодови само еднаш се нарекуваат „едноплодни“, но највеќето повеќегодишни растенија се повеќеплодни, т.е. цветаат и се оплодуваат многупати во својот животен век.

Состав

уреди

Повеќегодишните растенија имаат израстоци што им овозможуваат да се прилагодат на условите од година на година по пат на вегетативно размножување наместо раѓање семиња. Вакви израстоци се луковиците, кртулите, дрвенестите крошни, ризомите и други. Може да имаат и такви стебла или крошни што им даваат да преживеат во период на мирување долж студената или сувата сезона во годината. Едногодишните растенија произведуваат семе за да го продолжат својот вид со ново поколение додека сезоната е погодна, а семињата ја преживуваат студената или сува сезона за да почнат да растат кога ќе дојде погодно време.

За разлика од тоа, многу повеќегодишни растенија преживуваат при крајно неповолни услови: некои се приспособени на топли и суви услови, а други на студени. Овие растенија вложуваат доста ресурси во нивното прилагодување и најчесто не цветаат и не даваат семиња во првите неколку години. Многу од повеќегодишните растенија имаат релативно големи семиња, што може да биде предност, бидејќи поголемата садница по ‘ртењето е посилна од соседните растенија и побрзо развива листови за фотосинтеза. Едногодишните растенија пак, произведуваат многу семе бидејќи умираат на крајот од сезоната на раст, додека повеќегодишните можат да се оплодуваат во текот на многу години.

 
Ајдучка трева - повќегодишна билка

Раст

уреди

Во потопли и попријатни клими, повеќегодишните растенија растат постојано. Во појасите со годишни времиња или сезони, растењето се одвива само во погодната сезона. На пример, во умерените појаси растението ќе расте и цвета во топлите месеци, а лисјето им венее во зима. Овие растенија се листопадни, и повторниот раст се темели врз постоечкото стеблено ткиво. Во многу делови на светот годината има само сува и дождовна сезона наспроти топла и студена. Кај некои видови зеленилото останува преку целата година - овие се нарекуваат зимзелени.

Бидејќи корењата им се заштитени слабоко во земјата, повеќегодишните растенија се мошне отпорни на пожари. Тревестите повеќегодишни растенија издржуваат мошне високи температури и поларни зими, со помалку чувствителност од дрвата и грмушките.

Погодности во земјоделството

уреди
 
Прачкесто просо (Panicum virgatum) со неговите длабоки корења (над 3 метри).

Иако најголем дел од човештвото се храни со семе од едногодишни растенија, повеќегодишните култури имаат разни полезни особини.[2] Бидејќи корењата им се длабоки и разгранети, овие растенија ја држат почвата спречуваат ерозија, го задржуваат растворениот азот и не му даваат да ја затруе почвата и површинските води, и се посилни од коровот (намалувајќи ја потребата од хербициди). Поради овие одлики, агрономите во последно време прават напори за нивна поголема застапеност во полјоделството[3] со што би дошло до создавање на нови земјоделски важни повеќегодишни култури.[4] Вакви примери се повеќегодишниот ориз и средниот пиреј.

Живеалишта

уреди

Повеќегодишните растенија се доминантни во многу екосистеми на копно и во слатка вода, а слабо застапени во морските живеалишта (со само неколку примери како морската трева Zostera во плитаците). Тревестите повеќегодишни растенија особено преовладуваат во услови каде има премногу пожари за да живеат дрва и грмушки, (највеќето растенија во прериите и степите), а предоминираат и во тундрите, кои се престудени за дрва. Речиси сите шумски растенија се повеќегодишни, вклучувајќи ги дрвата и грмушките.

Типови

уреди

Список

уреди

Еве некои повеќегодишни растенија, распоредени во три категории:

Повеќегодишни овошја

Повеќегодишни билки

Повеќегодишни зеленчуци

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. The Garden Helper. The Difference Between Annual Plants and Perennial Plants in the Garden. проверено на 22 јуни 2008
  2. Glover et al. Future Farming: A return to roots? проверено на 11 ноември 2008
  3. Moffat 1996 [1] проверено на 12 ноември 2008
  4. Cox et al. 2000 [2] проверено на 14 ноември 2008

Поврзано

уреди