Малина
Научна класификација
Царство: Растенија
Оддел: Скриеносеменици
Ред: -{Rosales}-
Семејство: -{Rosaceae}-
Род: -{Rubus (малини и капини)}-
Вид: малина
Научен назив
-{Rubus idaeus}-
Linneus
Синоними

Cerasus avium

Малини, сирови
Хранлива вредност на 100 g (3.5 oz)
Енергија220 kJ (53 kcal)
11.94 g
Шеќери4.42 g
Влакна6.5 g
0.65 g
1.2 g
Витамини и минерали
ВитаминиКоличина
%ПДВ
Тиамин (Б1)
3%
0.032 mg
Рибофлавин (Б2)
3%
0.038 mg
Ниацин (Б3)
4%
0.598 mg
Пантотенска киселина (Б5)
7%
0.329 mg
Витамин Б6
3%
0.055 mg
Фолат (Б9)
5%
21 μg
Холин
2%
12.3 mg
Витамин Ц
29%
26.2 mg
Витамин Е
6%
0.87 mg
Витамин К
7%
7.8 μg
МинералиКоличина
%ПДВ
Калциум
2%
25 mg
Железо
4%
0.69 mg
Магнезиум
5%
22 mg
Манган
29%
0.67 mg
Фосфор
2%
29 mg
Калиум
5%
151 mg
Цинк
4%
0.42 mg
Други состојкиКоличина
Вода85.8 g

Процентите се проценети врз основа на препораките во САД за возрасни,[1] освен за калиум, кој се проценува врз основа на експертските препораки на Националните академии.[2]

Малина — долгогодишна листопадна билка, со грмушест или полугрмушест раст, со повеќегодишен корен и со едногодишни и двогодешни изданоци кои припаѓаат на семејството рози (Rosaceae), родот Rubus и има повеќе подродови.

Диви врсти и распространетост

уреди
 
Дива американска црна малина (Rubus occidentalis).
 
Дива европска црвена малина (Rubus idaeus vulgatus).
 
Малина во село Усје

Подврстата Idaeobatus е распространета во целиот свет и опфаќа околу 195 видови на малини. Во овој најголем подвид најважни се:

  • Црвена малина (Rubus idaeus)
  • Црна американска (купинолика) малина (Rubus occidentalis)
  • Пурпурна малина (Rubus neglectus)

Црвена малина опфаќа две подврсти:

  • Европска црвена малина (Rubus idaeus subsp. vulgatus Arrhen.)
  • Американска црвена малина (Rubus idaeus subsp. strigosus Micx.)

Малината се распростира во Азија, Северна Америка и Јужна Америка, Европа, јужниот дел на Африка и Австралија. Најмногу видови на малина потекнуваат од Азија а најмалку од Европа.

Европска црвена малина (Rubus idaeus subsp. vulgatus Arrhen.) е жбун кој расте во цела Европа и северозападниот дел на Азија каде што неговте гранки се воглавно трновити, а на кои се наоѓаат непарни листови со 3 или 5 листа, во вид на јајцест облик. Цветовите се двополни (хермафродитни) додека толчникот е поголем од прашникот или еднакви со него. Плодот е темноцрвен со издолжен или топчест облик, кој претставува збир од 20 до 150 ситни плодови. Во Европа е воведено да се одгледува со култивирање во почетокот на 17-от век. Во Македонија, Србија и балканскиот регион, оваа дива малина може обично да се најде на ридовите, буковите и други видови шума, во близина на потоците и реките, на надморска висина од 600 до 1200 метри. Малината како билка бара доста светлина и влага[3]. Американската црвена малина (Rubus idaeus subsp. strigosus Micx.) најмногу е распространета во северниот и средиот дел на Северна Америка и во источниот дел на Азија. Плодовите на оваа малина се светлоцрвени и полуокруглести, а билките имаат бројни жлездани влакна. За разлика од дивата европска, оваа е потпорна на ниските температури.

Црната американска малина (Rubus occidentalis) најмногу е распространета во Севера Америка, и тоа во јужниот дел на Канада и северниот и средниот дел на САД. Црната малина е повеќегодишен буен жбун чии трновити гранчиња рачно се виткаат и го оживуваат врвот. Едногодишните гранки се зеленкасти или виолоетови, со непарен број на листови 3 или 5. Цветовите се двополни (хермафродитни) додека тучковите се пониски од прашникот или еднакви со него. Плодот е цврст, црн и полуокруглест кој има збир од 40 до 80 ситни полодови. Пурпурната малина (Rubus neglectus) распространета е најмногу во Северна Америка и типичен е природен хибрид помеѓу американските црвени малини и американските црни малини. Гранчињата личат на американска црна малина, која се витка и со тоа го оживува врвот, а плодот е темноцрвен, пурпурен.

Хранливи вредности на малината

уреди

Благите сочни малини се летен деликатес во северните региони со умерена клима. Освен плодот на малината кој се користи за џем, мармалад сокови, вино и колачи, листот на малината може да се користи за чај. Овој чај помога за намалување на крвниот притисок, а помага и кај парадентозата. Витамини, минерали, растителни влакна, флавоноиди, сето тоа го содржат малините и капините, кои освен што се вкусни, во својот состав има благотворно дејство при многу здравствени проблеми[3]. Исто така содржат биофлафоноиди, кои делуваат како силни антиоксиданси и го спречуваат создавањето на силни радикали. Ја зголемуваат апсорбацијата на витамнин Ц и помагаат во зачувување на колагенот.

Употреба

уреди

Плодовите од малината се слаткокисели, многу вкусни, ароматични и лесно варливи. Малината е десертно овошје, а плодовите можат да се користат како свежи и замрзнати, како и за обработка на: сок, сируп, вино, природен ликер, компот, слатко, џем, мармалад, сладолед, кандирано овошје, малина во прав и друго. Листот практично се користи само во народната медицина, медицина за испирање на усните кај воспаление на нејзините слузокожи, кај воспалување на грлото и против дијареата. Влегува во состав на многобројни мешавини за лечење на заболени кардио-васкуларни болести, желудникот и цревниот систем, менструални и хормонски пореметувања и авитаминоза. Исто така влегува во состав на мешавина за ткн. пролетно чистење на крвта. Листот од малината може да замени некој чаеви, како што се индиски, грузиски и руски.

Во многуте земји плодот се користи во научната медицина како средство за исфрлање на течностите, кај дијарејата и дермитат. Екстрактот од плодот делува против вирусот. Покрај тоа тој го активира панкреасот на лачање на инсулин па со тоа го намалува шеќерот во крвта. Се користи и во прехранбената индустрија.

Во последно време се истражува делувањето на малината во злоќудните заболувања. Востановено е дека елагинската киселина, која ја има многу во малината, спречува размножување на ќелиите рак. Превентивно дејство има и плодот и чајот од листот на малината (и другите јајцести овошја: јагода, капина и др.). Во терапијата на злоќудните заболувања малините не се лек и не можат да го заменат, но се добра заштита од тие болести.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. United States Food and Drug Administration (2024). „Daily Value on the Nutrition and Supplement Facts Labels“. FDA. Архивирано од изворникот 2024-03-27. Посетено на 2024-03-28.
  2. „TABLE 4-7 Comparison of Potassium Adequate Intakes Established in This Report to Potassium Adequate Intakes Established in the 2005 DRI Report“. стр. 120. In: Stallings, Virginia A.; Harrison, Meghan; Oria, Maria, уред. (2019). „Potassium: Dietary Reference Intakes for Adequacy“. Dietary Reference Intakes for Sodium and Potassium. стр. 101–124. doi:10.17226/25353. ISBN 978-0-309-48834-1. PMID 30844154. Предлошка:NCBIBook.
  3. 3,0 3,1 „Капина – лек за крвта, храна за телото!“. Вечер. Архивирано од изворникот на 2017-09-07. Посетено на 2017-09-08.

Литература

уреди
  • Др Станиша А. Пауновић, др Петар Д. Мишић и др Асен С. Станчевић:Јагодасто воће, НОЛИТ - Београд, 1974.
  • Др Александар Шошкић: „Малина“, НОЛИТ - Београд, 1995.
  • Гостушки, Р: Лечење лековитим биљем, Народна књига, Београд, 1979.
  • Грлић, Љ: Енциклопедија самониклог јестивог биља, Аугуст Цесарец, Загреб, 1986.
  • Дјук, А, Џ: Зелена апотека, Политика, Београд, 2005.
  • Јанчић, Р: Лековите биљке са кључем за одређивање, Научна књига, Београд, 1990.
  • Јанчић, Р: Ботаника фармацеутика, Службени лист СЦГ, Београд, 2004.
  • Јанчић, Р: Сто наших најпознатијих лековитих биљака, Научна књига, Београд, 1988.
  • Којић, М, Стаменковић, В, Јовановић, Д: Лековите биљке југоистичне Србије, ЗУНС, Београд 1998.
  • Лакушић, Д: Водич кроз флору националног парка Копаоник, ЈП Национални парк Копаоник, Копаоник, 1995.
  • Марин, П, Татић, Б: Етимолошки речник, ННК Интернационал, Београд, 2004.
  • Миндел, Е: Витаминска библија, ФаМилет, 1997.
  • Мишић Љ, Лакушић Р: Ливадске биљке, ЗУНС Сарајево, ЗУНС Београд, ИП Свјетлост, 1990
  • Стаменковић, Во: Наше нешкодљиве лековите биљке, Тренд, Лесковац
  • Туцаков, Ј: Лечење биљем, Рад, Београд, 1984.