Рен (научArmoracia rusticana, syn. Cochlearia armoracia) — повеќегодишно растение од семејството на зелките (Brassicaceae).

Рен
Научна класификација [ у ]
Царство: Растенија
клад: Скриеносеменици
клад: Евдикоти
клад: Розиди
Ред: Зелковидни
Семејство: Зелки
Род: Рен
Вид: Рен
Научен назив
Armoracia rusticana
G.Gaertn., B.Mey. & Scherb.
Синоними[2]
Ренови корења

Опис

уреди

Ренот има дебел, месест и разгранет корен и исправено стебленце со висина од 15 до 125 см и со бела или жолтобела боја. Во горниот дел, стебленцето е разгрането, аглесто и празно. Приземните листови се со долги дршки, со издолжен јајцевиден облик, а на основата се срцевидни. Тие може да бидат долги и до еден метар. Листовите на стеблото се со кратки дршки или седечки, делени во резени или длабоко назабени. Цутовите се метличести, сложени од многубројни гроздови. Чашичните ливчиња се со обод со мембрана. Листовите на цветното венче се поставени накрсно, а тие се бели и широко јајцевидни. Плодот е обвиен со топчеста лушпа. Ренот цвета до мај до јули, а расте на влажни места. Во Македонија се застапени два вида од овој род: Armoracia lapathifolia е вид кој се одгледува во градините, додека Armoracia Macrocarpa расте во природата.[3]

Историја

уреди

Според старогрчката митологија, во светилиштето во Делфи, пророчниците му рекле на Аполон дека ренот вреди онолку злато колку што тежи неговиот корен. Ренот го споменува и Плиниј во делото „Историја на природата“, а во Помпеја, во еден мурал е пронајдена слика на рен. исто така, за корисните својства на ренот пишувале Џорџ Вашингтон и Томас Џеферсон.[3]

Употреба

уреди

Свежиот корен на ренот се користи како додаток на јадењата, но и како составен дел на некои растителни препарати. Ренот се одгледува поради коренот, кој се вади во есен, а а може да се зачува и во текот на зимата, ако остане закопан. Доколку коренот не се извади на време, ренот може да стане инвазивно градинарско растение. Притоа, коренот кој не е изваден на време станува дрвенест и не е погоден за употреба во готвењето. Инаку, свежито корен содржи гликозид синигрин, витамин Ц, минерали итн. Со помош на дестилација, од ренот може да се добие етерично масло. Разблажениот сок од рен се употребува за миење на устата и на грлото, зашто ги смирува воспаленијата. Исто така, изренданиот корен од рен се користи надворешно како средство за дразнење на кожата, зашто ја подобрува периферната циркулација, кај ревматски болки, невралгии и смрзнатини.[3]

Наводи

уреди
  1. Smekalova, T.; Maslovky, O. (2011). Horseradish. Црвен список на загрозени видови. 2011: e.T176596A7273339. Посетено на 5 февруари 2023. Занемарен непознатиот параметар |name-list-style= (help)
  2. „The Plant List, Armoracia rusticana P.Gaertn., B.Mey. & Scherb“.
  3. 3,0 3,1 3,2 Радиша Јанчиќ, „Рен - здрав и лут“, Betty магазин, година V, број 54, август 2018, стр. 26.

Надворешни врски

уреди