Жалфија
Salvia | |
---|---|
Ливадска жалфија Salvia pratensis | |
Научна класификација | |
Царство: | Plantae |
Оддел: | Magnoliophyta |
Класа: | Magnoliopsida |
Ред: | Lamiales |
Семејство: | Lamiaceae |
Род: | Salvia L. |
Видови | |
Жалфијата (науч. Salvia) е род на растенија во фамилијата усноцветни. Името жалфија генерално се однесува на обичната жалфија (Salvia officinalis), но може да се користи и за секој член на овој род. Родот Salvia вклучува близу 700 до 900 видови на грмушки, тревести повеќегодишни растенија и едногодишни растенија со речиси светско распространување. Центарот на диверзитетот и потеклото на овој род по сѐ изгледа дека е Средна и Југозападна Азија. Украсните растенија најчесто се нарекуваат со нивното научно име Salvia.
Блискиот род Perovskia и Phlomis се исто така познати како жалфии. Некои видови од нероднинскиот род Artemisia исто така се познати под името жалфија.
Одделни видови на жалфии
уреди- Salvia apiana - Бела жалфија, Калифорниска бела жалфија.
- Salvia argentea - Сребрена жалфија.
- Salvia arizonica - Аризонска жалфија.
- Salvia austriaca - Австриска жалфија.
- Salvia azurea - Сина жалфија.
- Salvia candelabrum
- Salvia clevelandii - Фрагрантна жалфија.
- Salvia coccinea - Крвава жалфија
- Salvia columbariae - Чиа жалфија
- Salvia discolor
- Salvia divinorum - Божествена жалфија.
- Salvia dorrii - Уте тутунска жалфија (благ халуциноген)
- Salvia elegans
- Salvia farinacea - Mealycup жалфија
- Salvia fulgens - Мексиканска црвена жалфија
- Salvia funerea – Жалфија од Долината на Смртта
- Salvia glutinosa
- Salvia greggii - Есенска жалфија
- Salvia guaranitica
- Salvia hispanica
- Salvia jurisicii Kosanin - Јуришиќева жалфија (македонски ендемски вид)
- Salvia leucantha - Мексиканска грмушеста жалфија
- Salvia leucophylla - Розова жалфија.
- Salvia libanotica - Средоземна жалфија
- Salvia longistyla - Мексиканска жалфија.
- Salvia lyrata - Лиролисна жалфија.
- Salvia mexicana - Мексиканска жалфија
- Salvia mohavensis - Мохаве жалфија
- Salvia microphylla
- Salvia miltiorrhiza - Кинеска жалфија
- Salvia nemorosa - Ливадска жалфија
- Salvia officinalis - Обична (лековита) жалфија.
- Salvia patens - Жалфија со сини цветови.
- Salvia polystachya - Чиа жалфија
- Salvia potus - Чиа.
- Salvia pratensis - Ливадска жалфија.
- Salvia roemeriana - Кедар жалфија
- Salvia sclarea
- Salvia spathacea
- Salvia splendens - Скарлетна жалфија.
- Salvia superba
- Salvia transylvanica
- Salvia uliginosa
- Salvia verbenaca - Дива жалфија.
- Salvia verticillata - Извиткана жалфија
- Salvia viridis (син.: S. horminum) - едногодишна жалфија.
Обичната жалфија е мало, повеќегодишно, грмушесто растение со задрвенето стебло, со сивкасти листови и сини до розово - виолетови цветови.
Собирање и употреба
уредиЖалфијата се користи како зачинска и медицинска билка, а исто така служи и за добивање на етерични масла. Во фетотерапијата се користат листовите од жалфија кои се сиво - бели поради присуството на бели влакненца. Се собираат во период кога се развиваат цветните пупки - во мај и јуни.
Содржи етерично масло кое има антимикробно и антивоспалително дејство. Докажано е дека ги уништува бактериите escherichia coli, shigella sonnei, salmonella. Исто така, таа е ефикасна и во уништување на некои габи. Поради ваквото дејство жалфијата е корисна билка за лекување на воспаленија и инфекции на слузницата на устата, непцата и грлото. Жалфијата ги омекнува секретите од воспалените слузници на дишните органи, со што полесно можат да се искашлаат. Сувите лисја се употребуваат и како зачини, бидејќи ги подобруваат вкусот и мирисот на храната, а го олеснуваат и нејзиното варење.
Чајот од жалфија има диуретично дејство, кое е послабо изразено, а се должи на присуството на флавоноидите. Може да помогне и при хронични заболувања на мочните патишта. Од многу одамна било познато дека чајот од жалфија е мошне ефикасен лек против потење. Ваквата моќ на жалфијата се објаснува со нејзиното дејство врз нервниот центар, кој ја регулира работата на жлездите кои лачат пот. Најчесто се препорачува да се пие против потење од нервно потекло или при топлотни бранови кои се јавуваат во менопауза.
Нанесен врз кожата чајот од жалфија ја затегнува кожата и ги смирува воспаленијата.
Занимливост
уредиЛатинскиот назив salvia потекнува од зборот „salvare“, што значи „спасување, лечење“, бидејќи Римјаните уште пред 2.000 години ја користеле оваа билка за лечење на разни болести.
Жалфијата како тема во уметноста
уредиПонекогаш, жалфијата се јавува како тема во уметноста, како: „Венче од жалфија“ - песна од збирката „Столбот на чумата“ од чешкиот поет Јарослав Сајферт.[1]
Наводи
уреди- ↑ Jaroslav Sajfert, Stub kuge. Beograd: Mali vrt, 2014.