Ѓумбир
Ѓумбир | |
---|---|
Ботаничка илустрација на ѓумбирот | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Семејство: | Ѓумбири |
Род: | Ѓумбир |
Вид: | Ѓумбир |
Научен назив | |
Zingiber officinale Roscoe[1] |
Ѓумбир (науч. Zingiber officinale) — цветно растение од Азија чиј ризом се користи како зачин и како народен лек.[2]
Ова е лиснато повеќегодишно растение кое се состои од едногодишни лажни стебла (свиткани лисни дршки) со тенки листови и високо е околу еден метар. Соцветијата имаат бледожолти цветови со виолетови примеси кои никнуваат право од кореништето на посебни фиданки.[3] Растението му припаѓа на семејството на ѓумбирите (Zingiberaceae), во кое спаѓаат и куркумата (Curcuma longa) и кардамомот (Elettaria cardamomum). Ѓумбирот води потекло од тропските дождовни шуми во јужна Азија каде растенијата се одликуваат со значајна генетска разноликост.[4] Се вбројува меѓу првите источни растенија доведени во Европа со трговијата со зачини уште во стариот век и се користел во Стара Грција и Рим.[5] Растенијата од родот копитник (Asarum) се нарекуваат див ѓумбир поради сличниот вкус.
Потекло и распространетост
уредиЃумбирот потекнува од тропските низински шуми во подрачјето од Индискиот Потконтинент до јужна Азија,[5] каде и денес највеќе се произведува. Во овие краишта и денес се среќаваат диви сродници на ѓумбирот,[5] а истото важи и за други тропски и суптропски делови од светот како Хаваите, Јапонија, Австралија и Малезија.[4]
Употреба
уредиРастението има лутникав вкус и својствен мирис.[5] Младите ризоми се сочни и месести, со поумерен вкус. Се користи свеж во готвењето, скиселен во оцет или отстоен во ракија. Од него се прави билен чај, се приготвуваат ѓумбирови напитоци или се кандира. Кога е сомелен, ѓумбирот се става во колачи, бисквити и други слатки јадења.
Узреаните ризоми се влакнести и речиси сосема суви. Сокот од коренот е честа состојка во индиската, кинеската, корејската, јапонската, виетнамската и други азиски кујни.
Производство
уредиВо 2014 г. во светот се произведени 2,2 милиони тони ѓумбир, од кои 30 % во Индија, 19 % во Кина, 13 % во Непал, 12 % во Индонезија и 7 % во Тајланд.[6]
Хранливост
уреди Пресечен ѓумбир | |
Хранлива вредност на 100 г | |
---|---|
Енергија | 333 kJ (80 kcal) |
17,77 г | |
Шеќери | 1,7 г |
Влакна | 2 г |
0.75 г | |
1,82 г | |
Витамини | |
Тиамин (Б1) | (2 %) 0,025 мг |
Рибофлавин (Б2) | (3 %) 0,034 мг |
Ниацин (Б3) | (5 %) 0,75 мг |
Пантот. кис. (Б5) | (4 %) 0,203 мг |
Витамин Б6 | (12 %) 0,16 мг |
Фолна кис. (Б9) | (3 %) 11 μг |
Витамин Ц | (6 %) 5 мг |
Витамин Е | (2 %) 0,26 мг |
Минерали | |
Калциум | (2 %) 16 мг |
Железо | (5 %) 0,6 мг |
Магнезиум | (12 %) 43 мг |
Манган | (11 %) 0,229 мг |
Фосфор | (5 %) 34 мг |
Калиум | (9 %) 415 мг |
Натриум | (1 %) 13 мг |
Цинк | (4 %) 0,34 мг |
Други состојки | |
Вода | 79 г |
| |
Постотоците се приближно пресметани според препораките за возрасни лица во САД. Извор: База за хранливост — USDA |
Сировиот ѓумбир се состои од 79 % вода, 18 % јаглехидрати, 2 % белковини и 1 % масти. Секои 100 грама ѓумбир даваат 80 калории и содржат умерени количества на витамин Б6 (12 % од дневниот внос, ДВ) и минералите магнезиум (12 % ДВ) и манган (11% ДВ), а во друг поглед имаат ниска хранлива вредност.
Кога е во сомелен облик, една кафена лажичка (5 грама) содржи 9 % вода и занемарливи хранливи состојки, со исклучок на манган (70 % ДВ).[7]
Состав и безбедност
уредиАко се внесува во разумни количини, ѓумбирот начелно не предизвикува несакани дејства.[8] иако знае да заемодејствува со некои лекови како варфарин (противзгрутчувач)[9] и нифедипин (за крвоток).[10]
Хемија
уредиМирисот и вкусот на ѓумбирот се должат на испарливите масла кои се застапени со 1-3 % од свежиот корен, и тоа зингерон, шогаол и гингерол.[2][11] Зингеронот се добива од гингеролот при сушење на ѓумбирот, и е послаб, со луто-слатка арома.[11]
Биолошки дејства
уредиЃумбирот го поттикнува создавањето на плунка во устата, што го олеснува голтањето.[12]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Zingiber officinale“. Информативна мрежа за гермоплазмени ресурси. Служба за земојоделско истражување, Министерство за земјоделство на САД. Посетено на 10 December 2017. (англиски)
- ↑ 2,0 2,1 „Ginger“. University of Maryland Medical Centre. 2006. Посетено на 2 August 2007.
- ↑ Sutarno,H ; Hadad, E.A. ; Brink, M. "Zingiber officinale Roscoe". - In: De Guzman, C.C ; Siemonsma, J.S. (eds.) "Plant resources of South-East Asia : no.13 : spices". - Leiden (Netherlands) : Backhuys, 1999. - 400 p. - p.238-244
- ↑ 4,0 4,1 Thomas H. Everett (1982). The New York Botanical Garden Illustrated Encyclopedia of Horticulture, Volume 10. Taylor & Francis. стр. 3591. ISBN 0824072405.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 „Zingiber officinale Roscoe“. Kew Science, Plants of the World Online. 2017. Посетено на 25 November 2017.
- ↑ „Ginger production in 2014, Crops/Regions/World/Production Quantity (from pick lists)“. Food and Agriculture Organization of the United Nations, Statistics Division. 2014. Архивирано од изворникот на 2016-11-22. Посетено на 11 June 2017.
- ↑ „Nutrition facts for dried, ground ginger, serving size of one tablespoon, 5 grams (from pick list)“. Nutritiondata.com, Conde Nast for the USDA National Nutrient Database, Standard Release SR-21. 2014. Посетено на 11 June 2017.
- ↑ Marcello Spinella (2001). The Psychopharmacology of Herbal Medications: Plant Drugs That Alter Mind, Brain, and Behavior. MIT Press. стр. 272–. ISBN 978-0-262-69265-6. Посетено на 13 April 2013.
- ↑ Shalansky S, Lynd L, Richardson K, Ingaszewski A, Kerr C (2007). „Risk of warfarin-related bleeding events and supratherapeutic international normalized ratios associated with complementary and alternative medicine: a longitudinal analysis“. Pharmacotherapy. 27 (9): 1237–47. doi:10.1592/phco.27.9.1237. PMID 17723077.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ „Ginger, NCCIH Herbs at a Glance“. US National Center for Complementary and Integrative Health. Посетено на 25 April 2012.
- ↑ 11,0 11,1 An K, Zhao D, Wang Z, Wu J, Xu Y, Xiao G (2016). „Comparison of different drying methods on Chinese ginger (Zingiber officinale Roscoe): Changes in volatiles, chemical profile, antioxidant properties, and microstructure“. Food Chem. 197 (Part B): 1292–300. doi:10.1016/j.foodchem.2015.11.033. PMID 26675871.
- ↑ Wood, George Bacon (1867). „Class IX. Sialagogues“. A Treatise On Therapeutics, And Pharmacology Or Materia Medica: Volume 2. J. B. Lippincott & Co. Посетено на 2 March 2013.
Надворешни врски
уреди- Ѓумбир на Ризницата ?
- „Ѓумбир“ — Енциклопедија на живиот свет
- За состојките и кулинарските особености на ѓумбирот — МоиРецепти (македонски)
- Статија за лековитите својства на ѓумбирот, Д-р Зорица Марковска[мртва врска] — Борка (македонски)