Петер Естерхази (унгарски: Esterházy Péter), (1950, Будимпешта, Унгарија) е современ унгарски писател.

Петер Естерхази
Esterházy Péter
Роден/а14 април 1950(1950-04-14)(74 г.)
Будимпешта, Унгарија
Занимањеписател
Националност Унгарија
Книжевно движењепостмодернизам

Животопис

уреди

Петер Естерхази е роден во 1950 година во Будимпешта како потомок на познатото унгарско благородничко семејство. Матурирал во пијанистичката гимназија во Будимпешта, а на универзитетот ЕЛТЕ дипломирал математика. До 1978 година работел како математичар, а потоа станал професионален писател.[1]

Творештво

уреди

Делата на Естерхази се преведени на повеќе европски јазици: шпански, португалски, шведски, норвешки, дански, италијански, германски, англиски, француски, бугарски, словенечки, српски, чешки, полски, естонски, летонски, фински, турски, еврејски и руски. Исто така, четири негови раскази се објавени на македонски јазик во 2009 година како дел на антологијата на унгарскиот краток расказ "Сецирање на живо", во издание на издавачката куќа "Темплум".[2]

Негови поважни дела се:[1]

  • Франчико и Пинта (кратки раскази), 1976 година
  • Производен роман (роман), 1979 година
  • Транспортери (роман) 1983 година
  • Седумнаесет лебеди (роман) 1987 година, објавен под името Лили Чоконаи
  • Книга за Храбал (роман) 1990 година
  • Една жена (роман) 1995 година
  • Нема голема уметност (роман) 2008 година

Признанија

уреди

Петер Естерхази е добитник на повеќе награди, како што се:[1]

  • Наградата "Милан Фушт", 1983 година
  • Наградата "Тибор Дери", 1984 година
  • Наградата "Атила Јожеф", 1986 година
  • Prix du Meilleur Livre Étranger "Vilenica", 1989 година
  • Книга на годината во Унгарија, 1999 година
  • Österreichische Staatpreis für Europäischen Verständigung, 1999 година
  • Grinzane Cavour-Prize, 2004 година
  • Premio Letterario Internazionale Pablo Neruda, 2006 година
  • Наградата "Angelus", 2008 година

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Сецирање на живо - Антологија на унгарскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2009, стр. 234.
  2. Сецирање на живо - Антологија на унгарскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2009.