Патец
Патец (се сретнува и како Патаец или Патеец) — мало село во областа Рабетинкол, во Општина Кичево, во околината на градот Кичево.
Патец Патаец или Патеец | |
Куќи во Патец | |
Координати 41°32′31″N 21°6′43″E / 41.54194° СГШ; 21.11194° ИГД | |
Регион | Југозападен |
Општина | Кичево |
Област | Рабетинкол |
Население | 3 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 6258 |
Повик. бр. | 045 |
Шифра на КО | 12054 |
Надм. вис. | 1.027 м |
Слава | Петковден |
Патец на општинската карта Атарот на Патец во рамките на општината | |
Патец на Ризницата |
Етимологија
уредиИмето на селото се претпоставува дека дошло од тоа што основачите на селото, доселени од Косово биле многу „напатени“.[2]
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во областа Рабетинкол, во крајниот источен дел на Кичевската Котлина и на територијата на Општина Кичево, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Македонски Брод.[3] Селото е планинско, на надморска височина од 1.027 метри. Од градот Кичево е оддалечено 14 километри.[3] Сместено е помеѓу планините Добра Вода и Песјак. Воедно, сите неколку истакнати врва на планината Песјак се наоѓаат во самиот атар на селото, Коњарник (1.876 м.), Седлар (1.772 м.) и највисокиот врв Јошков Камен (1.917 м.).
Селото е мало и изразено планинско, сместено на југозападната падина на Песјак. Низ него тече Патејчка Река, лева притока на Рабетинска Река. Најблиско село е Козичино, од каде доаѓа и единствениот пат.[2] Патот до него е земјен и е во лоша состојба.
Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Камја, Средореци, Ветрушка, Врата, Филипов Камен, Рамјон Камен, Јелоарник, Седлар, Уши, Бољја Река, Јошков Камен, Талеј Ливади, Долна Кула, Мачкин Камен, Рајкова Ливада, Газнитор, Одарник, Крепана, Скала, Дабовец, Крс, Ракида, Црквиште, Стрмец и Рудница.[2]
Патец е издолжено во насока исток-запад и од збиен тип. Постојат две маала, Горно и Долно, кои се јасно издвоени.[4]
Историја
уредиСе претпоставува дека селото било создадено на почетокот на XIX век од доселеници од Косово.[2]
Југоисточно и далеку од селото, на планината Песјак, се наоѓа месноста Црквиште. Се верува дека таму се наоѓала црквата „Св. Преображение“, бидејќи мештаните оделе на тој ден таму. Местото го посетувале и селани од другите села. На Црквиште се забележуваат само слаби остатоци од старини, а има и камен за кој се верува дека има отпечатоци од копитото на коњот на Крале Марко.[2]
Во XIX век, Патец било село во Кичевската каза на Отоманското Царство.
Во 1903 година, селото било запалено. Тогаш била водена борба со Турците на врвот Коњарник, источно од селото.[2] Врвот Јошков Камен го добил своето име во 1923 година кога покрај тој камен арбанашкиот качак Сеадин од Зајас го убил селанецот Јошко од Козичино.[2]
Стопанство
уредиАтарот зафаќа простор од 7,6 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 378 хектари, на пасиштата отпаѓаат 245 хектари, а на обработливото земјиште 124 хектари.[3]
Селото, во основа, има полјоделска функција.[3]
Во минатото селото ги користело планинските пасишта и ниви на Песјак, каде чувале овци.[2]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците од 1873 година, селото имало 8 домаќинства со 36 жители христијани (Македонци).[5]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Патец имало 96 жители, сите Македонци.[6] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Патец имало 128 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[7]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Патеец се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 15 куќи.[8]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 100 Македонци.[9]
Селото е мало и е населено со македонско население. Истото е доведено во фаза на наполно раселување. Во 1961 година броело 100 жители, а во 1994 година само 10 жители.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Патец живееле 8 жители, сите Македонци.[10]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 96 | 128 | 114 | 119 | 100 | 78 | 42 | 12 | 10 | 8 | 3 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Родови
уредиСелото Патец е населено со православни Македонци. Сите родови во селото се доселенички.[2]
Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1960-тите години родови во селото се:
- Горно Маало: Трајановци (4 к.), Аврамовци (2 к.) и Тодоровци (1 к.), потекнуваат од основачот на родот, доселени се од некое село во Косово;
- Долно Маало: Богдановци (4 к.), доселени се од селото Зрзе, и тие се доселени почетокот на XIX век, го знаат следното родословие: Венко (жив на 70 г. во 1961 година) -Никола-Мијајле-Богдан, основачот на родот кој се доселил; Николовци (2 к.) доселени се од селото Црвена Вода во Дебрца, предокот кој дошол во местото на старина бил овчар и таму убил некој човек, па затоа пребегнал во Патец, каде станал домазет во родот Богдановци и Радевци (2 к.) не го знаат местото од каде се доселени.
Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се:[4]
Самоуправа и политика
уредиСелото влегува во рамките на Општина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Вранештица.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Кичево во периодот од 1955 до 1965 година.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Орланци, во која покрај селото Патец, се наоѓале и селата Дупјани, Козичино, Крушица, Миокази, Орланци, Рабетино, Речани, Светораче и Челопеци. Патец во периодот 1950-1952 се наоѓало во некогашната Општина Светораче, во која тогаш влегувале селата: Дупјани, Козичино, Крушица, Речани, Рабетино, Светораче и Патец.
Избирачко место
уредиСелото е опфатено во избирачкото место бр. 0808 според Државната изборна комисија, сместено во селскиот дом во селото Козичино.[15]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 11 гласачи.[16]
На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 9 гласачи.[17]
Културни и природни знаменитости
уреди- Цркви[18]
- Црква „Св. Петка“ — главна селска црква
- Реки[19]
- Патејчка Река — мала река, лева притока на Рабетинска Река
Редовни настани
уреди- Слави
- Петковден (7 август) — селска слава
Личности
уреди- Родени во или со потекло од Патец
- Ѓоргија Лазев Аврамоски — македонски револуционер од ВМОРО.[20]
- Младен Никодиноски (1911-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
Иселеништво
уредиРодот Габевци (10 к.) се иселил во селото Зрзе. Од ова село исто така има иселеници и на други места, пред сè во Кичево и Белград.[2]
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 Трифуноски, Јован (1968). Кичевска котлина: Селски населби и население. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 17–18.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 230. Посетено на 16 декември 2020.
- ↑ 4,0 4,1 Смиљанић, Тома, (1935) Кичевија, Насеља и порекло становништва. Београд, САНУ
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 90-91.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 257.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 154-155.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 35.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 15 декември 2020.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 2 декември 2020.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Предвремени избори за пратеници 2020“. Архивирано од изворникот на 2020-07-15. Посетено на 2 декември 2020.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 54. ISBN 978-9989-2117-6-8.
- ↑ . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link)