Младен Никодиноски
Младен Тасев Никодиноски ( 1911во Патеец, Кичевско — 16 ноември 1944во Зајас, Кичевско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Младен Никодиноски | ||
Роден | 1911 година Патеец, Кичевско, Македонија под Османлиско Царство | |
---|---|---|
Починал | 16 ноември, 1944 година Зајас, Кичевско, Македонија | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиИако е роден во селото Патеец, тој живеел во селото Лазаровци. По занимање бил трговец. По окупацијата на Македонија, бил на страната на Дража Михајловиќ, но по извршените преговори, во август 1944 година, се приклучил во редовите на НОВ во Петнаесеттата македонска бригада како командир на чета. Се истакнал како храбар борец. Загинал при конечното ослободување на Кичево на 16 ноември 1944 година во борбите над селото Зајас.[1]