ПФК ЦСКА (Софија)
ПФК ЦСКА Софија или само ЦСКА Софија е бугарски фудбалски клуб од Софија. Во моментов клубот се натпреварува во Првата лига на Бугарија, највисокото фудбалско ниво во оваа земја. Името на клубот ЦСКА е кратенка и значи Централен спортски клуб на армијата (на бугарски: Централен Спортен Клуб на Армията).
ЦСКА Софија | ||||
---|---|---|---|---|
Целосно име | Професионален Фудбалски Клуб ЦСКА Софија | |||
Прекар | армејците, црвените | |||
Основан | 5 мај 1948 | |||
Стадион | Бугарска армија Софија, Бугарија | |||
Капацитет | 22.995 | |||
Сопственик | Данаил Ганчев (40%) Данаил Илиев (40%) Христо Стоичков (20%) | |||
Тренер | Нестор Ел Маестро | |||
Лига | Прва лига | |||
2023–24 | Прва лига, 3. место | |||
Мреж. место | Официјално мрежно место | |||
Титули | 56 Прва лига на Бугарија : 31 | |||
| ||||
Тековна сезона |
Клубот е официјално основан на 5 мај 1948 година, но корените на ЦСКА датираат од армискиот офицерски клуб основан во 1923 година.[1] Со 31 титула шампион на Бугарија, 21 Куп на Бугарија и 4 Суперкупа, тие се најуспешниот бугарски фудбалски клуб на сите времиња.[2] Исто така, на меѓународната сцена ЦСКА е двократен полуфиналист на КЕШ и еднаш полуфиналист на КПК.
Својте домашни натпревари ги игра на стадионот Бугарска армија. Нивен најголем соперник е Левски Софија со кој го играат Вечното дерби на Бугарија.
Историја
уредиКлубот е создаден на 5 мај 1948 година, по спојувањето на Септември Софија со воениот клуб ЦДВ под името „Септември при ЦДВ“. Новиот клуб го заземал местото на „Септември“ во првенството. Во финалето, Септември при ЦДВ се сретнал со Левски и после поразот со 1-2 во првиот натпревар и победата со 3-1 во вториот, клубот ја освоил својата прва титула. Одлучувачкиот реванш натпревар бил одигран на 9 септември 1948 година, а составот на „армејците“ бил следниов: Стефан Геренски, Борислав Футеков, Манол Манолов – Симолијата, Димитар Цветков, Никола Алексиев, Нако Чакмаков, Димитар Миланов, Стојне Минев, Стефан Божков, Никола Божилов и Кирил Богданов.
Во својата прва сезона во новосоздадената „А“ група, Септември при ЦДВ завршил на второто место. Крум Милев бил назначен за тренер на тимот. Истата година, започнала реконструкцијата на стадионот Народна армија, каде клубот започнал да ги игра своите натпревари.
Во летото 1949 година, „Септември“ се одвоил како независна единица, а армијскиот тим бил преименуван во „Централен дом на Народната армија“ (ЦДНВ). Сезоната 1949-1950 започнала нормално, но по одигрувањето на три кола од есенскиот дел тоа било прекинато поради реорганизација на движењето за физичка култура во Бугарија по советски модел. Потоа бил создаден турнир за одредување на учесниците во Софија за наредната сезона 1950-1951, на кој се квалификувале најдобрите пет екипи. По завршувањето на турнирот, ЦДНВ останува на 6-то место. Со одлука на спортскиот дел на МЗБ, на местото на уште еден армијски клуб Ботев Пловдив, бил создаден тим со најсилните играчи од ЦДНВ, Ботев, Черно Море, Сливен и други тимови на армијата. Името на обединетиот клуб било „Народна војска“. Тимот повторно завршил на второто место зад Динамо.
Од следната сезона тимот го наследил софискиот армиски тим ЦДНВ, а останатите армиски тимови стартувале од пониските дивизии. Во 1953 година, тимот повторно бил преименуван - овој пат во "Отбор на Софијскија гарнизон", каде мнозинството негови играчи од почетниот тим биле обврзани да играат само во репрезентацијата на Бугарија во квалификациите за СП во Швајцарија 1954.
Во 1954 година, ОСГ веќе бил наречен „Централен дом на Народната Армија“ (ЦДНА), а периодот 1954 - 1962 година бил најуспешен, бидејќи армискиот тим освоил 9 титули по ред. Во 1956 година, ЦДНА учествувал на второто издание на новосоздадениот турнир КЕШ, стигнувајќи до четвртфиналето.[3]
Имиња
уредиИграчи
уредиМоментален состав
уреди
|
|
Поранешни познати играчи
уреди
|
|
|
|
Наводи
уреди- ↑ Court: CSKA is the Official Successor to AS-23 Архивирано на 13 ноември 2017 г. (in Bulgarian) Dnes.bg Retrieved 24 October 2017.
- ↑ Вечната ранглиста на „А“ група
- ↑ „CSKA Sofia-Crvena zvezda 1956 History | UEFA Champions League“. www.uefa.com. Посетено на 26 ноември 2021.