Бугарска армија (стадион)

Стадион Бугарска армија — стадион кој се наоѓа во Софија, Бугарија. На овој стадион своите домашни натпревари ги игра ПФК ЦСКА.

Стадион „Бугарска армија“
Целосно име Стадион Бугарска армија
Место Софија, Бугарија
Координати 42°41′3.33″N 23°20′23.17″E / 42.6842583° СГШ; 23.3397694° ИГД / 42.6842583; 23.3397694
Започнат 1965
Изграден 1967
Отворен
Реновиран 1982, 1997, 2001, 2015, 2016
Сопственик Министерство за образование и спорт
Оператор ПФК ЦСКА
Подлога трева
Архитект Антон Каравелов, Симеон Иванов
Поранешни имиња Атлетик парк АС-23 (1923-1944)
Чавдар (1944-1949)
Народна армија (1965-1990)
Бугарска армија (1990-)
Игра ПФК ЦСКА
Гледачи 22.995 (18 495 седишта)[1][2]

Стадионот бил изграден во 1965 година. Во 1982, 1997, 2001, 2015, 2016 година бил реновиран. Стадионот има сместивост од 22.995 гледачи.

Историја

уреди

На 27 јануари 1925 година софиската општина и доделила земјиште во месноста „Пустинјана“ во Борисовата градина на екипата на АС-23 како компензација за одземање на игралиштата, на кои играле и фудбалските клубови Атлетик, Слава и ОСК пред овие клубови да бидат споени. Новиот стадион го прифатил името на тимот „АС-23“ (алтернативно бил нарекуван „Атлетик парк“).

Во 30-те години АС-23 добил нотарски акт за веќе изградениот стадион. Во почетокот на 40-тите години самото игралиште било затревено. Во 1943 година стојачките места биле укинати и целото игралиште било опкружено со трибини.

Кон крајот на 1944 година стадионот бил наследен од ФК Чавдар (Софија), кој ги обединил во себе тимовите на АС-23, Шипка-Победа и Спартак (Подуене). Во тоа врме стадионот се викал „Чавдар“.

На 15 февруари 1948 стадионот станал сопственост на Централниот дом на војската, по обединувањето на Чавдар со ЦДВ.

Од 5 мај 1948 стадионот се користи од ПФК ЦСКА (Софија), (тогаш бил познат како „Септември кај ЦДВ“).

Во 1965 година стадионот бил разрушен за да може да се изгради нов стадион за ЦСКА по проект на архитектот Антон Каравелов и Симеон Иванов. Во 1967 година изградбата на стадионот завршила. Името на новиот стадион било „Народна армија“.

Стадионот главно бил реконструиран во 1982 година, кога било ставено и електрично осветлување.

Од 1990 стадионот се нарекува „Бугарска армија“.

  1. http://gong.bg/bg-football/a-grupa/nad-10-000-chakat-na-cska-ludogorec-304996
  2. http://www.7sport.net/archive7ds/2014/11/17/fb_1footbg/d7337_6.htm