Ошљани
Ошљани (грчки: Αγία Φωτεινή, Агија Фотини, до 1926 година Όσλιανη, Ослјани[2]) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Воден на Постолскиот округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 261 жител (2011) и до денес е целосно населено со Македонци.[3]
Ошљани Αγία Φωτεινή | |
---|---|
Сретселото во Ошљани | |
Координати: 40°42.83′N 22°00.23′E / 40.71383° СГШ; 22.00383° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Постол |
Општина | Воден |
Општ. единица | Воден |
Надм. вис. | 660 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 261 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Рег. таб. | ΕΕ |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа околу 13 км југозападно од градот Воден, во североисточните падини на планината Каракамен, на надморска височина од 660 м.
Историја
уредиОшлјени се смета за многу старо село, бидејќи се води и во најстарите турски сиџили. познато по неговата улога во Негушкото востание од 1822 г.[3]
Кон крајот на XIX век Ошљани се води како чисто македонско село во Воденската. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дела во 1873 г. во Ослене (Osléné) имало 30 куќи со вкупно 137 жители Македонци.[4][5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото броело 50 жители, сите Македонци[4].[6]
Цялото население на селото било под врховенството на Цариградската патријаршија. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. в Омляни (Omliani) имало 120 Македонци[4] под патријаршијата.[7]
Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото влегува во состав на грчката, кога имало 119 жители[3]. Истата година Панајотис Деказос, одговорен за земјоделство при Македонското управништво, го споменува Ошљани (Όσλιανη) како село населено со „словеногласни елини“.[8] Во патописниот попис од 1917-18 г. Боривое Милоевиќ забележал 15 македонски куќи.[3]. Во 1920 г. во селото се евидентирани 95 жители. Во 1926 г. Ошљани е пременувано во Агија Фотини. Во 1928 г. населението се накачило на 107 жители.
За време на Втората светска војна во Ошљани влегле бугарски окупациски сили, основајќи чета на паравоената организација „Охрана“.[9] Селото страдало и во Граѓанската војна.[3]
Население
уредиИако е планинско, селото доживеало пораст наместо намалување на населението, типично за другите вакви села.[3] Денес населението на Месимер останува целосно македонско и непроменето.[3]
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 186 | 173 | 230 | 254 | 266 | 302 | 209 | 261 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
уредиСелото припаѓа на општинската единица Воден со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Воден, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Под, во кој спаѓа и селото Под.
Стопанство
уредиИако е планинско и прилично пасивно, селото останува познато по дрводелството и претприемништвото. Во помала мера се одвиваат и сточарството и земјоделството.
Личности
уреди- Кара Мице — македонски револуционер, учесник во Грчката војна за независност[10]
- Лазо Ошлинецо — револуционер, воденски војвода на ВМОРО[11]
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Όσλιανη -- Αγία Φωτεινή
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 54–55.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 156-157.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 149.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 190-191.
- ↑ Δεκάζος, Παναγιώτης Α. "Η Νάουσα της Μακεδονίας: Οικονομολογική μελέτη της γεωργίας, κτηνοτροφίας και δασών της περιφερείας ταύτης". Εν Αθήναις, 1913.
- ↑ Мичев, Добрин. Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.)
- ↑ Илюстрация Илинден, 1938, бр.92, стр.12-15
- ↑ Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 92.