Под (село)
Под (грчки: Φλαμουριά, Фламурија, до 1928 г. Πόδος, Подос[2]) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Воден на Постолскиот округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 583 жители (2001). Сè до 1924 г. било населено исклучиво од Македонци.[3][4]
Под Φλαμουριά | |
---|---|
Поглед на Под | |
Координати: 40°42.83′N 22°00.23′E / 40.71383° СГШ; 22.00383° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Постол |
Општина | Воден |
Општ. единица | Воден |
Надм. вис. | 315 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 583 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа 10 км југозападно од градот Воден, во североисточното подножје на планината Каракамен, на надморска височина од 315 м.
Историја
уредиВо „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, се вели дека во 1873 г. Пот (Pote) е село во Воденската каза со 62 домаќинства и вкупно 300 жители Македонци.[3][5]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Под имал 350 жители Македонци.[3][6]
Целото население на Под било под врховенството на Цариградската патриjаршија. Според податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. Под (Pod) имал 304 жители Македонци[3] под патријаршијата.[7] Во истиот период, Милоевиќ го бележи како село со 55 македонски куќи.
Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога имало 161 жител. Во 1920 г. се заведени 275 жители. Дел од населението се иселило, а на негово место во 1924 г. грчките власти населиле 36 Грци-бегалци од Мала Азија[4]. Во 1928 г. Под се води како село со 381 жител[4] од мешан етнички карактер, од кои 13 биле доселенички семејства со вкупно 39 членови[8], но во кое сепак Македонците го сочинувале апсолутното мнозинство.[4] Во 1928 г. селото е преименувано во Фламурија. Во 1940 г. се заведени 507 жители, од кои само 37 доселеници.
За време на Втората светска војна селото е окупирано од Бугарите и воспоставена е бугарска општинска власт.[9]
Селото пострадало во зимата 1947 г. кога грчките монархистички власти насилно го иселиле населението во Воден.[4] Истата година е забележано дека доселениците се свеле на само 30 луѓе, а останатото население било македонско.[4] По нормализацијата на состојбите, селото било обновено.
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 507 | 525 | 634 | 621 | 665 | 661 | 650 | 583 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
уредиСелото припаѓа на општинската единица Воден со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Воден, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Под, во спаѓа и селото Ошљани.
Стопанство
уредиГлавно занимање на жителите е овоштарството. Се произведуваат големи количества праски, јаболка, јагоди, арпаџик и други земјоделски производи. Делумно е развиено и сточарството.[4]
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Πόδος -- Φλαμουριά
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 55–56.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 156-157.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 148.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 190-191.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ Мичев, Добрин. Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.)