Ослово
Ослово или Ослој (грчки: Παναγίτσα, Панагица, до 1926 г. Όσλοβο, Ослово[2]) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Воден на Постолскиот округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 682 жители (2011). Во неодамнешното минато било населено исклучиво со Македонци, но Турците присилно ги одзеле имотите и целот осело така станало турска населба.[3] Денес населението е сочинето од грчки доселеници од Турција.
Ослово Παναγίτσα | |
---|---|
Координати: 40°31.11′N 21°50.88′E / 40.51850° СГШ; 21.84800° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Постол |
Општина | Воден |
Општ. единица | Островско Езеро |
Надм. вис. | 720 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 682 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа 5 км северно од Острово и 20 км западно од Воден. Лежи во подножјето на планината Ниџе, на надморска височина од 720 м.[3]
Историја
уредиВо древноста
уредиЗападно од Ослово во правец на Жерви е откриена Ословската древна населба која била населена од бронзеното време, па сè до хеленистичкиот период.[4]
Османлиско време
уредиВо 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович го опишал Ослово како македонско[5] село.[6] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, се вели дека во 1873 Ослој (Osloy) е село со 55 домаќинства и 96 жители Македонци[7] и 115 Македонци-муслимани.[8][9]
На почетокот на XX век Ослово е заведено како село во Воденската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. в Ослој (Ослави) живееле 50 Македонци[7] христијани и 1.100 Турци.[10] Целото хирстијанско население било под врховенството на Бугарската егзархија. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Ослово (Oslovo) имало 16 Македонци[7] под егзархијата.[11] Последните македонски жители биле принудени да се преселат во соседното село Жерви.[3]
Припојување кон Грција
уредиСо Букурешкиот договор во 1913 г. Ослово било припоено кон грчката држава, кога имало 1.327 жители. Во 1917-18 г. Боривое Милоевиќ го води како чисто турска населба со 350 куќи.[3] Во 1920 се евиентирани 1.274 жители, сите Турци.[3] Со размената на населението по Лозанскиот договор од 1923 г., Турците се иселиле во Турција, а на нивно место дошле Грци-доселеници од Понд, Тракија и Мала Азија. Пондите со себе ги донеле иконите и богослужбените предмети од родното место, кои датираат од XV-XVI век и денес се наоѓаат црквата „Успение на Пресвета Богородица“.[12]
Во 1928 г. селото било чисто доселеничко, со 180 семејства со вкупно 761 членови.[13][14] Во 1926 г. селото е преименувано во Панагица. Во Ослово има етнографски музеј.
Население
уредиНамалувањето на населението низ децениите се должи на економската пасивност на селото, поради што дел од жителите се иселиле во поголемите градски центри во земјата и странство.[3]
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 912 | 965 | 743 | 644 | 727 | 702 | 730 | 682 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
уредиСелото припаѓа на општинската единица Островско Езеро со седиште во Острово, која припаѓа на поголемата општина Воден, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Ослово, во кое спаѓа и селото Жерви.
Стопанство
уредиОва е релативно сиромашно село. Главен производ е житото. Во последно време се развива и овоштарството, а делумно е развиено и сточарството.[3]
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Όσλοβο -- Παναγίτσα
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 54.
- ↑ „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Α1/Φ43/58164/3457/18-12-1997 - ΦΕΚ 1223/Β/31-12-1997“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-09-23. Посетено на 5 мај 2018.
- ↑ наречено „бугарско“ под влијание на бугарската политика
- ↑ Григоровичъ, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр.91.
- ↑ 7,0 7,1 7,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ всушност, веројатно се работи за Турци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 158 - 159.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1902, стр. 149.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 190-191.
- ↑ Δήμος Βεγορίτιδας. Ιστορικά & Θρησκευτικά Μνημεία[мртва врска]
- ↑ Симовски наведува 682 жители.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.