Освојувачи на медали на Зимските олимписки игри 1998
Во списокот на освојувачи на медали по земји на Зимските олимписки игри 1998 се наведени сите земји-учеснички на игрите кои освоија медали. Најуспешна нација на игрите беше репрезентацијата на Германија, која освоила 12 златни од вкупно 29 медали.
Данска го освои првиот медал на Зимските олимписки игри,[1] додека Бугарија и Чешка ги освоиле првите златни медали.[2] Азербејџан, Венецуел, Кенија, Македонија и Уругвај, за првпат учествуваа на Зимските олимписки игри,но ниту една од овие репрезентации не освои медал.[3]
Најуспешен натпреварувач на игрите беше руската скијачка Лариса Лазутина, која освои 3 златни, еден сребрен и еден бронзен медал.[4]
Список по земји
уредиСписокот е направен според информациите добиени од Меѓународниот олимписки комитет (МОК) и е во склад со прописите утврдени од страна на МОК за составување на ваквите списоци. Според прописите, земјите во списокот се претставени со нивните национални олимписки комитети, а се подредени по бројот на освоени златни медали. Доколку се случи две или повеќе земји да имаат еднаков број на освоени златни медали, подредувањето продолжува по освоените сребрени, па по освоените бронзени медали. Доколку се случи две или повеќе земји да имаат освоено ист број на златни, сребрени и бронзени медали, тогаш тие заземаат исто место во списокот и се прикажани според редоследот на првата буква во абецедата.
Место | Земја | Злато | Сребро | Бронза | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|
1 | Германија (1998) | 12 | 9 | 8 | 29 |
2 | Норвешка (1998) | 10 | 10 | 5 | 25 |
3 | Русија (1998) | 9 | 6 | 3 | 18 |
4 | Канада (1998) | 6 | 5 | 4 | 15 |
5 | САД (1998) | 6 | 3 | 4 | 13 |
6 | Холандија (1998) | 5 | 4 | 2 | 11 |
7 | Јапонија (1998) | 5 | 1 | 4 | 10 |
8 | Австрија (1998) | 3 | 5 | 9 | 17 |
9 | Јужна Кореја (1998) | 3 | 1 | 2 | 6 |
10 | Италија (1998) | 2 | 6 | 2 | 10 |
11 | Финска (1998) | 2 | 4 | 6 | 12 |
12 | Швајцарија (1998) | 2 | 2 | 3 | 7 |
13 | Франција (1998) | 2 | 1 | 5 | 8 |
14 | Чешка (1998) | 1 | 1 | 1 | 3 |
15 | Бугарија (1998) | 1 | 0 | 0 | 1 |
16 | Кина (1998) | 0 | 6 | 2 | 8 |
17 | Шведска (1998) | 0 | 2 | 1 | 3 |
18 | Данска (1998) | 0 | 1 | 0 | 1 |
18 | Украина (1998) | 0 | 1 | 0 | 1 |
20 | Белорусија (1998) | 0 | 0 | 2 | 2 |
20 | Казахстан (1998) | 0 | 0 | 2 | 2 |
22 | Австралија (1998) | 0 | 0 | 1 | 1 |
22 | Белгија (1998) | 0 | 0 | 1 | 1 |
22 | Велика Британија (1998) | 0 | 0 | 1 | 1 |
Вкупно | 69 | 68 | 68 | 205 |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Canadian Women Take Curling Gold“. The Washington Post. Associated Press. 15 February 1998. Архивирано од изворникот на 2012-04-05. Посетено на 16 март 2009. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „The big chill: Heavy snow shuffles schedule; luger wins third gold“. CNN Sports Illustrated. 9 February 1998. Архивирано од изворникот на 2011-06-29. Посетено на 16 март 2009. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Nagano 1998: Did you know?“. International Olympic Committee. Посетено на 16 јули 2008.
- ↑ Kubatko, Justin. „1998 Nagano Winter Games“. Olympics at Sports-Reference.com. Sports Reference LLC. Архивирано од изворникот на 2009-05-13. Посетено на 17 март 2009.