Шлески дијалект

наречје на германскиот јазик
(Пренасочено од Долношлески јазик)

Долношлескиот јазик (наречен и само шлески) (долношлески: Schläsch, германски: Schlesisch) е германски дијалект/јазик кој се зборува во Долна Шлеска. Овој регион денес ѝ припаѓа претежно на југозападна Полска, но зазема дел и од североисточниот дел на Чешка и источна Германија.

Долношлески јазик
Schläsch
Зборуван во: Полска, Чешка, Германија[1] 
Регион: Долна Шлеска, Чешка, источна Германија.
Вкупно говорници: непознат бр.[1]
Јазично семејство: Индоевропски
 Германски
  Западногермански
   Горногермански
    Средногермански
     Источни средногермански[1]
      Долношлески јазик
Јазични кодови
ISO 639-1: нема
ISO 639-2: gem
ISO 639-3: id=sli sli

Оваа група дијалекти е речиси исчезната.

Германскиот шлески дијалект дел од јазичната област источните средногермански јазици со извесни западнословенски влијанија. Веднаш по Втората светска војна Шлеска ѝ припаднала на Полска и веднаш започнало протерувањето на Германците источно од границата Одра-Ниса. Како резултат на ова германската шлеска култура и јазик речиси исчезнале. Полските власти им забраниле на преостанатите прогонувани Германци да говорат на мајчиниот јазик. Ова до денес останува нерешено прашање и за Полјаците и Германците - главно заради постапките на фашистичка Германија кон Полјаците, и заради присилното истерување и етничко чистење на германскиот народ од поранешните германски територии, кои со Потсдамската спогодба ѝ биле дадени на Полска.

Шлескиот германски дијалект не е воопшто признаен од полската влада, и покрај тоа што статусот на германското малцинство во Полска е прилично подобрен со падот на комунистичкиот режим во 1991 г. и влегувањето на Полска во Европската Унија. Оваа поголема група дијалекти може да се подели на неколку помали групи на говори: планински шлески, југоисточноошлески, средношлезски, западноплески и холандски.[2] североисточнобемската група исто така му припаѓа на шлеското говорно подрачје.[3][4]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Напис на „Етнолог“ (англиски)
  2. Ludwig Erich Schmitt (Hrsg.): Germanische Dialektologie. Franz Steiner, Wiesbaden 1968, стр. 138-139
  3. Ludwig Erich Schmitt (Hrsg.): Germanische Dialektologie. Franz Steiner, Wiesbaden 1968, стр. 143
  4. Alois Kreller: Wortgeographie des Schönhengster Landes. Kraus, Nendeln 1939, 1979 Kraus, Том 3, стр. 3

Надворешни врски

уреди