Блажо Стојков Милевски ( 1926 во Нова Брезница, Скопско1945 во Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Потекнувал од сиромашно семејство. Основно училиште завршил во селото. На 25 септември 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада, со која заминал во Косово и учествувал во акциите за разоружување и ликвидирање на балистичките банди. Подоцна стигнал во Срем, каде завршил тримесечна воена настава. Бил учесник во големиот пробив на Сремскиот фронт. Особено се истакнал во борбите за оолободување на Хрватска. Загинал кон крајот на април 1945 година. Поради непрецизно определување, точното место на гробот не му се знае.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 91. На |first= му недостасува |last= (help)