Дуке Атанасовски
Дуке Китанов Атанасовски ( 1925 во Нова Брезница, Скопско — 18 април 1945 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиПотекнувал од сиромашно семејство. Се занимавал со земјоделство и чување на добиток. На 25 септември 1944 година стапил во Треттата македонска ударна бригада, во чиј состав учествувал во големите борби против балистите на Водно и реката Треска. По ослободувањето на Македонија земал учество во ликвидирањето на заостанатите балистички банди. Подоцна заминал на Сремскиот фронт. Поради тешките и напорни борби, заболел и од последиците на болеста, починал на 18 април 1945 година, во болницата во Скопје.[1]