Николај II (Русија)
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Николај II Александрович (руски: Николай II Александрович) бил последниот император на Русија и кнез на Финска. Со империјата раководил во периодот од 1894 до својата абдикција во 1917 година. Во времето на неговото владеење, империјата доживеала пораз во руско-јапонската војна како и многу загуби во Прва светска војна.
Николај II | ||
Роден | 18 мај 1868 Санкт Петербург, Руска Империја | |
---|---|---|
Починал | 17 јули 1918 Екатеринбург, Русија |
Со преземање на власта од страна на комунистите, Николај II и неговото семејство биле убиени.
Деца
уредиГолемата кнегиња Олга Николаевна (рус. Великая Княжна Ольга Николаевна) била најстарата ќерка на Николај. Родена е на 16 ноември 1895 година.
Големата кнегиња Татјана Николаевна (рус. Великая Княжна Татьяна Николаевна) — втората ќерка, родена на 11 јуни 1897 година.
Големата кнегиња Марија Николаевна (рус. Великая Княжна Мария Николаевна) — третата ќерка на императорот, родена на 27 јуни 1899 во Петерхоф, Русија.
Големата кнегиња Анастасија Николаевна (рус. Великая Княжна Анастасия Николаевна) родена на 18 јуни 1901 во Петерхоф. Многумина ја оспоруваат нејзината смрт, дека наводно побегнала во Париз, каде што подоцна се појави девојка која што тврдеше дека е Анастасија, но никогаш не успеа да го докаже тоа. Меѓутоа каде што е пронајдена гробницата на Романови, најдени се пет тела, кои потоа се погребани со сите почести.
Големиот кнез и царевиќ(титула за рускиот престолонаследник) Алексеј Николаевич (рус. Наследник-Цесаревич и Великий Князь Алексей Николаевич) бил единственото машко дете на Николај. Роден е на 12 август 1904 во Петерхоф. Бил често болен и со кревко здравје. Убиен е заедно со сите Романови на 17 јули 1918 година.