Виња дел Марград и општина во Чиле, дел од конурбацијата на Валпараисо (Голем Валпараисо). Се наоѓа во регионот Валпараисо во Чиле. Се наоѓа на 120 километри од Сантјаго де Чиле и до него води патот 68. Градот има население од 324.836 жители (попис 2012 година).

Виња дел Мар
Viña del Mar
Град и Општина
Слики од Виња дел Мар
Слики од Виња дел Мар
FlagГрб на Виња дел Мар Viña del Mar
Прекар(и): La Ciudad Jardín („Градска градина“)
La Perla del Pacífico („Бисер на Тихиот Океан“)
Држава Чиле
РегионВалпараисо
ПокраинаВалпараисо
Viña del Mar31 мај 1878
Управа[1]
 • ВидОпштина
 • ГрадоначалникМакарена Рипамонти (RD)
Површина[2]
 • Град и Општина121,6 км2 (47,0 ми2)
Надм. вис.&100000000000000020000002 м
Население (Попис од 2012)[2]
 • Град и Општина324.836
 • Густина2,700/км2 (6,900/ми2)
 • Метро930.220
 • Градско286.931
 • Селско0
Час. појасЧВ[3] (UTC-4)
 • Лето (ЛСВ)ЧЛВ[4] (UTC−3)
Повик. бр.+56 32
Мреж. местоMunicipality of Viña del Mar

Приморски град пар екселанс, се граничи со градовите Валпараисо (југ), Конкон (север) и Квилпуе (исток).

Потекло на името

уреди

Виња дел Мар е создадена како резултат на спојувањето на две хациенди, Las siete hermanas и Viña del mar. Северно од градот имало лозови насади и малку по малку градот го добил името Виња де ла Мар, па Виња дел Мар.

Историја

уреди

Кога била основана територијата на Виња дел Мар, таа била посед на дон Хозе Франциско Вергера Ечеверс. Во 1855 година бил воведен трамвајски сообраќај, а првите трамваи сообраќале помеѓу Виња дел Мар и Валпараисо. Ова создава меѓузависност меѓу овие градови и овозможува да се гради на ново земјиште.

Градот бил основан со декрет на чилеанската влада на 31 мај 1878. Средиштето на градот е најстарото место во градот и се наоѓа на реката Марга Марга што го дели градот на два дела. Малку по малку градот растел и се ширел, жителите се населувале на ридовите. Од почетокот на XX век, градот е приморско одморалиште за богатите класи. Црквата Пресвета Богородица на Виња дел Мар, првата парохиска црква, била изградена во 1912 година.

Во 1929 година, претседателот Карлос Ибањез дел Кампо го изградил летниот претседателски дворец на ридот Кастиљо. Таму, таа година било основано и казиното.

Во 1930-тите, градскиот урбанистички план предвидувал градот да биде целосно урбанизиран до 1970-тите. Рекреативната четврт, што се наоѓа на работ на Валпараисо, била урбанизирана прва. Данта Ињес и Мирафлорес, во северниот дел на општината, биле урбанизирани во 1960-тите. Четвртот Рењака, најбогататиот во градот, сака да стане општина сама по себе.

Во 1960 година бил основан Меѓународниот фестивал на песната Виња дел Мар, што се организира секоја година во февруари.

Во Виња дел Мар се наоѓа стадионот Естадио Саусалито, еден од четирите стадиони за натпреварите во последната фаза на Светското првенство во фудбал во 1962 година.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Municipality of Viña del Mar“ (шпански). Посетено на November 15, 2010.
  2. 2,0 2,1 2,2 „National Statistics Institute“ (шпански). Посетено на August 10, 2010.
  3. „Chile Time“. WorldTimeZones.org. Архивирано од изворникот на септември 11, 2007. Посетено на јули 26, 2010.
  4. „Chile Summer Time“. WorldTimeZones.org. Архивирано од изворникот на септември 11, 2007. Посетено на јули 26, 2010.

Надворешни врски

уреди