Науки за Земјата

(Пренасочено од Наука за Земјата)

Науки за Земјата е сеопфатен термин за науки поврзани со планетата Земја.[2] Тоа е веројатно посебен случај во планетарна наука, знаејќи дека Земјата е единствената планета за која што е познато дека има живот. Постојат два пристапи кон науките за Земјата: редукционистичкиот и холистички. Официјалната дисциплина на науките за Земјата може да вклучи и проучување на атмосферата, хидросферата, океаните и биосферата, како и цврста земја. Обично земјонаучниците (геонаучници) користат сознанија од физика, хемија, биологија, хронологија и математика да изградат квантитативно разбирање за тоа како работи Земјиниот систем, и како еволуирал до неговата сегашна состојба.

Вулканска ерупција е ослободување на складирана енергија од под површината на Земјата, која потекнуваод радиоактивното распаѓање и гравитациското распоредување во јадрото и обвивката на Земјата, и остатокот енергија добиена за време на формирањето на Земјата.[1]

Полиња на проучување

уреди
 
Лавата истекува од вулканот Килауеја во океанот на островот Хаваи

Следните полиња на науката обично се категоризирани во рамките на геонауките:

Внатрешноста на Земјата

уреди

Тектонските плочи, масиви, вулканите, и земјотресите се геолошки феномени tкои можат да се објаснат во рамките на енергетски трансформации во Земјината кора.[10]

Под Земјината кора лежи обвивката која се загрева со радиоактивно распаѓање на тешки елементи. Обвивката не е сосема солидна и се состои од магма која е во состојба на полупостојано струење. Овој процес на струење предизвикува литосферските плочи да се движат, иако тоа е бавно. Резултатот на процесот е познат како тектонски плочи.[11][12][13][14]

Тектонските плочи може да се сметаат за процес преку кој земјата повторно има површина. Преку процес наречен ширење на морското дно), создадена е нова кора од протокот на магма од под литосферата до површината, преку пукнатини, каде што се лади и се стврднува. Преку процес наречен подвлекување кога океанската кора се турка под земја- под остатокот од литосферата- каде доаѓа во контакт со магма и се топи- повторно соединувајќи се со обвивката од која оригинално потекнува.[12][14][15]

Области на кората каде што се создава новата кора се наречени дивергентни граници, оние кои се вратени назад на Земјата се конвергентни граници а оние кај кои плочите се лизгаат еден под друг, но не се создава ниту уништува нов литосферички материјал се наведени како трансформирани (или конзервативни) граници[12][14][16] Земјотресите се резултат на движењето на литосферичките плочи, а тие обично се случуваат во близина на конвергентни граници каде што делови од кората се присилени во земјата како дел од подвлекување.[17]

Вулканите се резултат главно од топењето на подвлечен материјал од кората на Земјата. Материјалот од кората што е присилен во астеносферата се топи, и дел од стопениот материјал станува доволно лесен за да се крене на површината и така се раѓаат вулканите.[12][17]

Електромагнетно поле на Земјата

уреди

Електромагнет е магнет создаден од струја што тече околу меко железно јадро.[18] Земјата има цврсто железно внатрешно јадро опкружено со полутечни материјали од надворешното јадро кои се движат во постојани струи околу внатрешното јадро;[19] така што Земјата е електромагнет. TОва е познато како динамо теорија на магнетизмот на Земјатa.[19][20]

Атмосфера

уреди
 
Магнетосферата ја штити површината на Земјата од наелектризираните честички од сончевиот ветар. Тоа се згуснува во текот на денот (Сонце) поради силата на честичките што пристигнуваат и се проширува во текот на ноќта. Да не се поместува сликата.

Тропосферата, стратосферата, мезосферата, термосферата, и егзосферата се пет слоеви кои ја сочинуваат Земјината атмосфера. Во сите нив, атмосферата е составена од околу 78.0% азот, 20.9% кислород, и 0.92% аргон. 75% од гасовите во атмосферата се наоѓаат во тропосферата, во најдолниот слој. Останатиот еден процент од атмосферата(сè освеназот, кислород, и аргон) содржи мали количини на други гасови вклучувајќи и CO2 и водна пареа.[21] Водните пареи и CO2 дозволуваат Земјината атмосфера да ја фати и држи сончевата енергија преку феномен наречен ефектот на стаклената градина.[22] Ова овозможува површината на Земјата да биде доволно топла за да има вода во течна состојба и да поддржува живот.

Магнетното поле создадено од внатрешните движења на јадро ја произведува магнетосферата која што ја штити Земјината атмосфера од сончевиот ветар.[23] Како што Земјата е стара4.5 милијарди години ,[24] до сега би ја изгубила својата атмосфера ако не постоеше заштитничката магнетосфера.

Во прилог на складирање на топлина, атмосферата исто така ги штити живите организми со оклопување на површината на Земјата од космичките зраци. Имајте предвид дека нивото на заштита е доволно високо за спречување на космичките зраци од уништување на живиот свет на Земјата, но доволно ниско да им помогне на мутациите кои имаат важна улога во протуркување на разновидноста во биосферата.[се бара извор]

Методологија

уреди

Како и сите други научници, земјонаучниците го применуваат научниот метод. Тие создаваат хипотези по набљудување на настани и собирање податоци за природните појави, и тие ги тестираат хипотезите од таквите податоци.

Една современа идеја во науката за Земјата е униформизам. Униформизмот says that вели дека "античките геолошки одлики се толкуваат со разбирање активни процеси кои се лесно забележани".[се бара извор] Едноставно кажано, ова значи дека геолошките процеси што се случуваат денес се случиле и во минатото -. Сегашноста е клучот за минатото. На пример, една планина не треба да се смета како да е создадена во еден момент, туку тоа може да се гледа како резултат на континуирано подвлекување предизвикувајќи магма да расте и да се формираат континентални вулкански лакови.

Земјините сфери

уреди

Науката за Земјата генерално познава четири сфери: литосферата, хидросферата, атмосферата, и биосферата;[25] овие одговараат на карпи, вода, воздух, и живот. Некои практичари вклучуваат, како дел од сферите на Земјата, крајосферата (што одговара на мраз) како посебен дел од хидросферата, како и педосферата (што одговара на почва) како активна и измешана сфера.

Делумна список на главните теми на науката за Земјата

уреди
Види: Список на основните теми на науката за Земјата

Хидросфера

уреди

Системи

уреди

Други

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Encyclopedia of Volcanoes, Academic Press, London, 2000
  2. „Науки за Земјата“. Memidex/WordNet Dictionary. Архивирано од изворникот на 2016-01-26. Посетено на 11 јуни 2012.
  3. Adams & Lambert 2006, стр. 20
  4. 4,0 4,1 Smith & Pun 2006, стр. 5
  5. Fundamentals of Physical Geography, 2nd Edition, by M. Pidwirny, 2006
  6. Wordnet Search: Geodesy
  7. NOAA National Ocean Service Education: Geodesy
  8. Elissa Levine, 2001, The Pedosphere As A Hub Архивирано на 30 октомври 2007 г. broken link?
  9. „Duane Gardiner, Lecture: Why Study Soils? excerpted from Miller, R.W. & D.T. Gardiner, 1998. Soils in our Environment, 8th Edition“. Архивирано од изворникот на 2018-02-09. Посетено на 2013-01-10.
  10. Earth's Energy Budget
  11. Simison 2007, paragraph 7
  12. 12,0 12,1 12,2 12,3 Adams & Lambert 2006, стр. 94,95,100,102
  13. Smith & Pun 2006, стр. 13-17,218,G-6
  14. 14,0 14,1 14,2 Oldroyd 2006, стр. 101,103,104
  15. Smith & Pun 2006, стр. 327
  16. Smith & Pun 2006, стр. 331
  17. 17,0 17,1 Smith & Pun 2006, стр. 325,326,329
  18. American Heritage, стр. 576
  19. 19,0 19,1 Oldroyd 2006, стр. 160
  20. Demorest, Paul (2001-05-21). „Dynamo Theory and Earth's Magnetic Field“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2007-02-21. Посетено на 2007-11-17.
  21. Adams & Lambert 2006, стр. 107-108
  22. American Heritage, стр. 770
  23. Adams & Lambert 2006, стр. 21-22
  24. Smith & Pun 2006, стр. 183
  25. Earth's Spheres Архивирано на 31 август 2007 г.. ©1997-2000. Wheeling Jesuit University/NASA Classroom of the Future. Retrieved November 11, 2007.

Дополнителна литература

уреди
  • Allaby M., 2008. Dictionary of Earth Sciences, Oxford University Press, ISBN 978-0-19-921194-4
  • Adams, Simon; Lambert, David (2006). Earth Science: An illustrated guide to science. New York, NY: Chelsea House. ISBN 0-8160-6164-5.
  • Joseph P. Pickett (executive editor) (1992). American Heritage dictionary of the English language (4. изд.). Boston, MA: Houghton Mifflin Company. ISBN 0-395-82517-2.
  • Korvin G., 1998. Fractal Models in the Earth Sciences, Elsvier, ISBN 978-0-444-88907-2
  • „Earth's Energy Budget“. Oklahoma Climatological Survey. 2004. Посетено на 17 ноември 2007.
  • Miller, George A.; Christiane Fellbaum, and Randee Tengi, and Pamela Wakefield, and Rajesh Poddar, and Helen Langone, and Benjamin Haskell (2006). „WordNet Search 3.0“. WordNet a lexical database for the English language. Princeton University/Cognitive Science Laboratory /221 Nassau St./ Princeton, NJ 08542. Посетено на 2007-11-10.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  • „NOAA National Ocean Service Education: Geodesy“. National Oceanic and Atmospheric Administration. 2005-03-08. Посетено на 2007-11-17.
  • Oldroyd, David (2006). Earth Cycles: A historical perspective. Westport, Connicticut: Greenwood Press. ISBN 0-313-33229-0.
  • Reed, Christina (2008). Earth Science: Decade by Decade. New York, NY: Facts on File. ISBN 978-0-8160-5533-3.
  • Simison, W. Brian (2007-02-05). „The mechanism behind plate tectonics“. Посетено на 2007-11-17.
  • Smith, Gary A.; Pun, Aurora (2006). How Does the Earth Work?. Upper Saddle River, NJ: Pearson Prentice Hall. ISBN 0-13-034129-0.
  • Tarbuck E. J., Lutgens F. K., and Tasa D., 2002. Earth Science, Prentice Hall, ISBN 978-0-13-035390-0
  • Yang X. S., 2008. Mathematical Modelling for Earth Sciences, Dunedin Academic Press, ISBN 978-1-903765-92-0

Надворешни врски

уреди