Географски информациски систем
Географски информациски систем (ГИС) е систем за управување со просторните податоци и одликите што им соодветствуваат. Во најстрога смисла тоа е компјутерски систем што е способен за интегрирање, складирање, уредување, анализа и прикажување на географски информации. Во поширока смисла ГИС е орудие на „паметна карта“ што им остава можност на корисниците да поставуваат интерактивни прашања (истражувања што ги создава корисникот), да ги анализираат просторните информации и да ги уредуваат податоците.
Технологијата на географскиот информациски систем може да се користи за научни истражувања, управување со ресурсите, управување со имоти, планирање на развојот, просторно планирање, картографија и планирање на инфраструктурата. ГИС често се користи и за потребите на маркетиншките истражувања, геологијата, градежништвото, но и во сите области што користат податоци кои се поврзани со карти.
Компоненти на ГИС и основни поими
уредиГИС се состои од четири интерактивни компоненти:
- потсистем за внес кој врши претворање на картите (мапите) и другите просторни податоци во дигитален облик (се врши т.н. дигитализација на податоците);
- потсистем за складирање и повикување на податоците;
- потсистем за анализа; и
- излезен потсистем за изработка на карти, табели и за давање одговори на поставените прашања.
ГИС програми
уреди- Од општ прегледен вид
- Global Mapper™
- ESRI ArcView™
- MapInfo Prefessional™
- Квантум ГИС
- Од сложен, тесно стручен вид
- Encom Discover™ - програма што функционира во симбиоза со програмата MapInfo, наменета за геолозите кои се занимаваат со истражување на лежишта за минерални суровини, но и на останатите геолози. Во оваа програма е можно да се работи анализа на дупчењата, геостатистика, геофизика, геохемија...
- Encom Discover 3d™ - додаток за Encom Discover™ со чија помош е можно податоците да се проектираат и моделоираат во трета димензија
- ESRI ArcGIS™
- Oasis Montaj™
- ER Mapper™ - анализа на сателитски снимки, далечинска детекција
- Suprac™
- Micromine™
- Rockworks™ - истражување на седиментни лежишта, лежишта на нафта и гас, геохемија, геофизика, 3D прикажување
- GRASS GIS
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- iОпштина - ГИС на Македонија
- ГИС на Град Скопје Архивирано на 24 ноември 2011 г.
- gismap.by - ГИС на Белорусија Архивирано на 8 март 2022 г.
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |