Гемологија

наука што се занимава со проучување на скапоцените и полускапоцените камења

Гемологија — наука која се занимава со проучување на природни и вештачки скапоцени и полускапоцени камења. Се смета за геонаука и гранка на минералогијата. Некои јувелири се академски образувани гемолози и се обучени за препознавање и проценка на скапоцени камења.[1][2]

Избор на скапоцени камења добиени со тркалање нзи абразивен материјал во ротирачки цилиндар. Најголемиот камен е со должина од 40 mm.

Потекло уреди

Гемологијата како предмет почнала да се изучува од јувелирите започнала во XIX век, но првите калификации биле поттикнати откако за оваа цел во 1908 г. Националното здружение на златари во Велика Британија поставило Гемолошки комитет. Овој комитет подоцна прерасна во Гемолошко здружение на Велика Британија, денес образовна добротворна организација и акредитирано тело чии курсеви се познати насекаде по светот. Првиот дипломец од ОН со Гем-а Диплома за завршен курс, во 1929, бил Роберт Шипли кој подоцна го основа Гемолошкиот Институт на Америка и Американското Друштво за Скапоцени Камења. Денес постојат неколку професионални училишта и здриженија на гемолози и сертифицирани програми ширум светот. Првата гемолошка лабораторија во служба на пазарот за скапоцени камења беше основана во Лондон во 1925, поттикната од навалата за новооткриениот „култивиран бисер’’ и напредокот во синтезата на рубините и сафирите. Сега насекаде по светот има Лаборатории за Скапоцени камења кои бараат посовремена опрема и искуство за итврдување на нови предизвици, како што се обработка за добивање на скапоцени камења, нови вештачки и други нови материјали.

 
Гемолошка преносна лабораторија KA52KRS

Скапоцените камења во главно се категоризирани според нивната кристална структура, сецифична тежина, показател на прекршување и други оптички својства како плеохромизам. Физикото својсво „тврдост’’ е дефинирано според нелинеарната Мохова скала за тврдост на минералите. Гемолозите ги проучуваат овие фактори додека ги вреднуваат или проценуваат обликуваните и полирани скапоцени камења. Се прави гемолошко микроскопско испитување на внатрешната структура за да се утврди дали каменот е вештачки или природен преку откривање на течните инклузии и вклучени делумно стопени егзогени кристали за да се прикаже евиденција за топлинска обработка за подобрување на бојата. Спектроскопските анализи на обликувани камења даваат можност на гемолозите да добијат вистинска претстава за атомската стуктура и да го утврдат потеклото кое е од голема важност кога се вреднува каменот. На пример, рубин од Бурма ќе има точно одредено внатрешно и оптичко отстапување во споредба со рубин од Тајланд. Кога се камењата сѐуште необработени, гемолозите ја проучуваат надворешната сруктура; матичниот камен и минералното здружение; и природната и полираната боја. Каменот прво се распознава според бојата, показателот на прекршување, оптичките особини, специфичната тежина; и испитување на внатрешните одлики со увеличување.

Основно распознавање на скапоцените камења уреди

Распознавањето на скапоцените камења е во суштина процес на елиминација. Камења со слична боја подлежат на нештетно оптичко тесирање сè додека не остане еден можен идентитет. Секој тест само индицира. На пример, сецифичната тежина на рубинот е 4.00, на стакло 3.15-4.20, на циркон 5,6-5,9. На тој начин може лесно да се утврди разликата помеѓу циркон и другите два; но има поклопување на рубинот со стаклото. И, како и кај сите природни материјали, никои два скапоцени камења не можат да бидат истоветни. Геолошката средина во која се формирани влијае на севкупниот процес, така што иако основите можат да се утврдат, присуството на хемиски "примеси" и измени заедно со структурни мани варираат и на тој начин се создаваат "засебности".

Распознавање според показател на прекршување уреди

 
Традиционален рачен рефрактометар.

Еден тест за одредување на идентитетот на скапоцениот камен е мерење на прекршувањето на светлината во каменот. Секој материјал има критичен агол, во чија точка светлината се рефлектира во внатрешноста. Ова може да се измери и според тоа да се утврди идентитетот на каменот. Обично ова се мери со помош на рефрактометар но сепак може да се измери и со помош на микроскоп.

Распознавање според специфична тежина уреди

Специфичната тежина, исто позната и како релативна густина, е различна во зависност од хемиската композиција и видот на кристалната структура. Тешките течности со позната специфична тежина се користат за тестирање на слаби скапоцени камења. Специфичната тежина се мери со споредба на тежината на каменот во воздух, со тежината на каменот потопен во вода.

Распознавање според спектроскопија уреди

Овој метод користи сличен принцип со начинот на кој призмата ја разложува белата светлина на нејзините компоненти. Се користи гемолошки спектроскоп за се анализа на селективната апсорпција на светлината во внатрешноста на скапоцениот камен. Во суштина, кога светлината преминува од една средина во друга, се прекршува. Сината светлина се прекршува повеќе отколку црвената. Во зависност од материјалот од кој е составен скапоцениот камен, ќе се приспособи количината на прекршената светлина. Обојувачките индикатори или хромофорите ги индицираат појасите во спектроскопот и покажуваат кој елемент е одговорен за бојата на каменот. Прикажаните бранови должини се мерат во нанометри.

Распознавање според примеси во кристалот уреди

 
Закривеноста набљудувана кај овој променлив по боја вештачки сафир, се должи на процес познат како Вернејов процес или, огнено слевање. Во текот на овој процес, фино издробен материјал се загрева на крајно високи температури. Така стопениот материјал капе низ отвор на печката во облик на топка. Оваа стопена маса од корунд се лади и кристализира, и завртува со што се добиваат набљудуваните линии. Природниот корунд не се создава на овој начин и кај него недостигаат закривените линии.
 
Три примеси во парче кварцен кристал.

Примесите можат да им помогнат на гемологистите за да се определи дали еден скапоцен камен е природен, синтетички или топлотно обработен (т.е. поправки на кристалот или загревање).

Поврзано уреди

  1. „Gemologist“. Dictionary of Occupational Titles. Photius Coutsoukis and Information Technology Associates. 2003. Посетено на 2009-11-08.
  2. „An Introduction To Gemology - International Gem Society“. International Gem Society (англиски). Посетено на 2017-08-28.