Планета

(Пренасочено од Планетата)

Планета (од старогрчки: πλανήτης, „скитници“) — тело со соодветно голема маса што кружи околу некоја ѕвезда и не произведува енергија низ јадрено соединување,може да биде составена од карпи, метал, течност, гас или комбинација од овие елементи. Планетите не создаваат светлина, туку ја рефлектираат светлината од својата ѕвезда. Пред последната деценија од XX век само девет планети беа познати од кои осум се во нашиот Сончев Систем). На 3 ноември 2004 беа познати 133 планети, сите надвор од Сончевиот Систем (со исклучок на осумте) уште познати како вонсончеви планети (вонсончеви планети).

Осумте планети во Сончевиот Систем.

Во нашиот Сончев Систем има осум планети и тоа: Меркур најблизок до сонцето, Венера втора планета до сонцето, нашата планета Земја која е трета, Марс после Земјата, Јупитер петти, Сатурн шести, Уран седми и осми Нептун. Ако Јупитер само малку се подзагрее тој може да стане и второ сонце во нашиот сончев Систем. Бидејќи Плутон е најоддалечен од сонцето и е најмала планета, тој не се смета за планета туку за џуџеста планета.

Осумте планети во Сончевиот Систем: Меркур, Венера,Земја,Марс,Јупитер, Сатурн,Уран и Нептун.Сега еве ги распоредени по оддалеченост со нивниот број на месечини.

  1. Меркур, без ниедна месечина
  2. Венера, без ниедна месечина
  3. Земја, со една месечина
  4. Марс, со две месечини
  5. Јупитер, со 63 месечини
  6. Сатурн, со 62 месечини
  7. Уран, со 27 месечини
  8. Нептун, со 13 месечини

Истражување на планетите

уреди

Бидејќи планетите се мошне оддалечени од Земјата, би било потребно многу време за да стигнал луѓето до нив. Затоа се лансирани вселенски сонди, да „пролетаат“ покрај секоја планета освен Плутон и да ги пратат снимките на Земјата. Војаџер 2 стигнал најдалеку. Вселенската сонда Касини го посетила Сатурн во 2004 година.

Настанок на планетите

уреди

Сончевиот Систем го започнал животот како облак од гас и прашина кој се движел по галаксијата Млечен Пат. Се смета дека експлозијата на некоја супернова може да предизвика ширење на ударните бранови низ просторот во вселената, кои го погодиле облакот и на некој начин предизвикале негово згуснување под дејсво на сопствената гравитациска сила.

Во текот на наредните 100.000 години згуснатиот облак станал диск што се врти брзо. Тој се нарекува сончева маглица. Под притисок на гасот и прашината што спирално се движеле кон центарот, маглицата станувала се потопла и погуста и почнала да се шири. Набрзо се развила во младо Сонце.

Надвор од оваа централна печка, честичките почнале да згуснуваат како снегулки, прво во мали парчиња карпи, а потоа во огромни карпи. Во текот на милиони години, некои пораснале во блокови со пречник од повеќе километри, кои се нарекуваат планетезимали. Тие подоцна почале да се судираат меѓусебно спојувајки се како топки снег и од нив настанале четирите карпести внатрешни планети: Меркур, Венера, Земја и Марс и јадрата nа четирите гасивити џинови: Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун. Сончевиот ветер ги оддувал остатоците гас и прашина, вклучувајќи ја и атмосферата околу четирите внатрешни планети. Планетите џинови биле далеку од најжестоките удари на Сончевиот ветер, што им овозможило да ги сочуваат дебелите слоеви гас со кои биле опкружени. Гравитациската сила на Јупитер предизвикала меѓусебно уништување на планетизмалите во близината и спречила тие да се спојат во нова планета, а преостанатиот појас на карпи познати како астероиди и понатаму, до денес, останале во орбитата околу Сонцето.

Вонсончеви планети

уреди
 
Детекција на вонсончеви планети по години заклучно со јуни 2022 (од NASA Exoplanet Archive)[1]

Вонсончева планета (вонсончева планета) е секоја планета надвор од Сончевиот Систем. Заклучно со 1 ноември 2022 г. откриена е 5.246 планетa во 3.875 планетарни системи, од кои 842 имаат повеќе од една планета.[2] Познатите вонсончеви планети се со големина на гасовити џинови, околу двапати од големината на Јупитер, а најмалите до нешто поголеми од Месечината.

Планетата како тема во уметноста и во популарната култура

уреди
  • „Планетата на вистината“ — расказ на италијанскиот писател Џани Родари.[3]
  • „Планетата Клер (англиски: Planet Claire) - песна на американската рок-група The B-52's од 1980 година.[4]
  • „Напушти ја планетата“ (англиски: Leave The Planet) — песна на американската рок-група Galaxy 500 од 1989 година.[5]
  • „Планета на здодевноста“ (српски: Planeta dosade) — песна на српската рок-група Дисциплина кичме од 1989 година.[6]
  • „Светата планета“ (хрватски: Sveti planet) - песна на хрватската рок-група Мајке (Majke) од 1994 година.[7]
  • „На друга планета“ (англиски: On Another Planet) - песна на англиската рок-група Мега сити фор (Mega City Four) од 1989 година.[8]
  • „Планета на облиците“ (англиски: Planet Of The Shapes) - песна на британското техно-дуо Орбитал (Orbital) од 1993 година.[9]
  • „Страв од црна планета“ (англиски: Fear Of A Black Planet) - песна на американската рап-група Паблик енеми (Public Enemy) од 1990 година.[10]
  • „Планетата Телекс“ (англиски: Planet Telex) - песна на британската рок-група Рејдиохед (Radiohead) од 1995 година.[11]
  • „Црна планета“ (англиски: Black Planet) - песна на британската рок-група Систерс оф мерси (The Sisters Of Mercy) од 1985 година.[12]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Pre-generated Exoplanet Plots“. exoplanetarchive.ipac.caltech.edu. NASA Exoplanet Archive. Посетено на 24 June 2022.
  2. Шнајдер, Ј. „Интерактивен каталог на вонсончеви планети“. Енциклопедија на вонсончеви планети. Посетено на 1 ноември 2022.(англиски)
  3. Џани Родари, Приказни по телефон. Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1993.
  4. YouTube, The B-52's - Planet Claire (пристапено на 8.2.2021)
  5. Discogs, Galaxie 500 ‎– On Fire (пристапено на 8.11.2022)
  6. Discogs, Disciplina Kičme – Зелени Зуб Na Planeti Dosade (пристапено на 10.9.2022)
  7. YouTube, Sveti Planet (пристапено на 12.1.2021)
  8. DISCOGS, Mega City Four ‎– Tranzophobia (пристапено на 12.9.2020)
  9. Discogs, Orbital ‎– Orbital (пристапено на 1.2.2021)
  10. DISCOGS, Public Enemy ‎– Fear Of A Black Planet (пристапено на 25.8.2019)
  11. YouTube, Radiohead/The Bends - 01 Planet Telex (посетена на 12.3.2021)
  12. DISCOGS, The Sisters Of Mercy ‎– First And Last And Always (пристапено на 22.9.2019)